„Проблемот со бездомните кучиња“ и „Немање алтернативна културна сцена“ се двете теми на кои денеска учениците од Гимназијата Кочо Рацин, вклучени во проектот „Читај и меѓу редови“ отворија широка дебата на втората едукативна работилница. Тие сметаат дека овие теми се мошне значајни за нив и тоа заради актуелноста и широката опфатност и влијание врз целокупната популација во градот на првата и заради влијанието и културниот младински развој на втората тема.
Проблемот со бездомните кучиња е тема актуелна сама посебе, додека недостигот од алтернативен простор негативно се одразува на нивниот културен и уметнички развој. Токму затоа отворено и гласно дебатираа и заедно со експертот –новинар ги утврдија изворите потребни за подготовка на прилозите. Тие се поделија во две групи и заедно со проектниот тим ќе работат на утврдените теми. Прилозите што ќе ги направат ќе бидат објавени на регионалниот веб портал Дума.мк.
На третата едукативна работилница што ќе се одржи во последната недела од месецов ќе се дефинираат останатите групи кои ќе работат на веќе утврдените теми.
Проектот „Читај и меѓу редови“ Фондација „Фокус“го реализира како дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ и го спроведуваат Метаморфозис и Евротинк. Финансиски е поддржан од Европската Унија.
12.12.2018 година Велес