По шестмесечно реализирање на проектни активности, Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес го финишираше проектот „Читај и меѓу редови“. Пред стотина ученици од Гимназиите во Велес и во Кавадарци, професори, директори, претставници на Граѓански здруженија и донаторите, тимот на Фокус ги презентираше постигнатите резултати од проектот.

По шестмесечно спроведување на проектни активности преку едуцирање на над 80 ученици од Гимназиите во Велес и Кавадарци за медиумска писменост и критичко мислење, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес го реализира завршниот настан од проектот. Настанот ќе се одржи на 28 март 2019 година во ресторан Моклиште во Кавадарци, со почеток во 10 часот.

Во петок на 22 март со почеток во 18:00 часот во Ликовниот салон се одржа свеченото доделување на наградите од литературниот конкурс на тема ,,Мојот сон е...’’ распишан од страна на Младинскиот актив на Фондација за локален развој и демократија -ФОКУС. На распишаниот конкурс пристигнаа вкупно девет творби, при што комисија составена од членовите на активот ги додели наградите во две категории: проза и поезија.