На ден 02.02.2019 година беше одржан првиот конституитивен состанок на кој што сите присутни се согласија да бидат дел од Младинскиот Актив на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес.
На конститутивниот состанок присуствуваа: Ева Стојанова ,Меланија Стојанова ,Снежана Петровска, Симона Андреева, Сања Јанкова, Симона Мицева, Марко Инѓилизов, Филип Јованов, Матеа Несторова и Јована Јовановска.
Тие избраа двајца координатори од предложенитетројца кандидати: Марко Инѓилизов, Матеа Несторова и Филип Јованов.
Матеа Несторова беше едногласно избрана, Марко Инѓилизов освои два гласа, а Филип Јованов освои седум гласа.
За координатори на Младинскиот Актив на Фокус се избрани: Матеа Несторова и Филип Јованов.
Присутните направија план за работа за првата година. На состанокот присуствуваше и извршната директорка на Фондација Фокус, Убавка Јаневска.