По шестмесечно спроведување на проектни активности преку едуцирање на над 80 ученици од Гимназиите во Велес и Кавадарци за медиумска писменост и критичко мислење, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес го реализира завршниот настан од проектот. Настанот ќе се одржи на 28 март 2019 година во ресторан Моклиште во Кавадарци, со почеток во 10 часот.
На завршниот настан ќе бидат презентирани постигнатите резултати од спроведувањето на активностите предвидени во проектот. Ќе бидат презентирани финалните медиумски производи на кои учениците, вклучени во проектот, ги подготвија изминатиот период. Тие ќе имаат можност да дебатираат на тема „Читај ја вистината-оттргни се од лагата“ и да се дружат меѓусебе.
Проектот „Читај и меѓу редови“ е регрант на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ што го спроведуваат Фондација за интернет и општество Метаморфозис и Евротинк-Центар за европски стратегии. Проектот е финансиран од Европската Унија.