Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

viber image 2021 02 02 13 43 0

Фондација за локален развој и демократија „ФОКУС“ Велес, имплементирајќи го проектот „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање“ на донаторот ЦРПМ , со цел е детектирање на потребите и предизвиците со кои се соочуваат учениците и ученичките, особено во време на пандемија предизвикана од Ковид-19, објавува:

                                    Јавен повик за ангажирање на тројца анкетари/ки за теренско спроведување на анкета во Велес и населени места

 

Кандидатите за анкетари ќе бидат ангажирани за спроведување на теренска работа за реализација на проектот во Велес и населените места Иванковци, Башино Село, Бузалково,Горно Оризари.

Основни критериуми кои треба да бидат исполнети:
• Најмалку завршено средно образование
• Основни компјутерски вештини
• Одлични комуникациски вештини
• Подготвеност за патување низ населени места

Обврски:
• Теренските истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани/ки (родители), лице во лице.
• Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење, динамични и со одлични комуникациски вештини.

 Ние нудиме:

• Флексибилно време за спроведување на анкетата
• Хонорар по завршување на анкетата

Пријавувањето ќе се врши по електронски пат, со поднесување на CV и пријава на е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. до 10.02.2021 год. (среда) до 16.00 часот.

Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежа за родова еднаквост во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.