Обука на невладини организации за следење на јавните набавки
Охрид, 21-23.09.2018
Втората од петте планирани обуки за претставници на граѓанските организации од Источниот Регион се одржа изминатиот викенд во Охрид. Целта на обуката беше поголема вклученост на граѓанските организации во следењето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во јавните набавки.
Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за експерт од областа на урбанизмот
Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС Велес, имплементирајќи го проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“, чија генерална цел е зголемување на влијанието над општината за отчетно и транспарентно издавање на градежни дозволи и овозможување на квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција од корупција објавува:
Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за експерт од областа на урбанизмот
Со солидни познавања и искуство во:
- Урбанизам,
- Работата на локалната самоуправа во процесот на издавање на градежна дозвола,
- Организациски менаџмент на градежни фирми и проектански бироа
- Познавање на законска регулатива за урбанизам и градежништво
Конкретно, експертот/ката треба да поседуваат компетенции од областите:
- издавање на градежни дозволи,
- подготовка и поднесување на документација за издавање на градежна дозвола и
- проектен менаџмент во градежништво и урбанизам.
Ангажираниот експерт/ка ќе биде ангажиран/а за период септември 2018 – јануари 2019 година, со ефективни 15 работни дена, со работни обврски:
- да подготви инстумент за мониторинг на општината, за издавање на градежни дозволи, да ја насочува работата на фокус групата, да изврши интервјуа и анкета на засегнатите страни и да подготви анализа од истражувањето;
- да искреира матрица за модел на интегриран мониторинг на општината за издавање на градежна дозвола, во кој ќе бидат опфатени сите вклучени страни;
- со новинар да подготват јавен документ за состојбата на транспаретност и отчетност на општината за издавање на градежни дозволи и урбанизацијата во локалната заедница и
- со проектниот тим да изработат финален извештај од истражувањето со креирани конкретни можни решенија за надминување на проблемите и потребите на граѓаните.
Кандидатите кои се заинтересирани за ангажирање на проектот, потребно е да доставт: понуда, копија од завршено ВСС (Градежен или Архитектонски ), CV и предлог концепт - модел на интегриран мониторинг на општината за издавање на градежна дозвола.
Пријавувањето се врши по електронски пат на е – маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. до 17.09.2018 год. (понеделник) до 16.00 часот.
Овој јавен повик е подготвена со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција". Содржината на јавниот повике единствена одговорност на авторите и на Фондација Фокус и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.
Проект: „Детски зелени градини“ поддржан од Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање
8.05.2020
Проектот: „Детски зелени градини“ на Фондација „Фокус“ ја доби финансиската поддршка на конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2020 година на Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање.
При мапирање на семејствата во социјален ризик, откриен болен велешанец на кого му е потребна итна медицинска помош, веќе ја доби во болницата во Велес
Тимот на „Фондација Фокус“ и „Хаус од хоуп – Ленче Здравкин“ вклучен во реализацијата на проектот „Е-база на добро спакувани податоци на граѓани од социјално ранливи групи“ при реализацијата на мапирањето случајно го откри лицето С.А (59), болен од хемофилија на кого му беше потребна здравствена помош.