01.03.2021
Спроведена теренската анкета во град Велес и населените места Иванковци, Г.Оризари , Башино Село и Бузалково.
Анкетата е дел од активностите на проектот: „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање “ , во којашто беа анкетирани 120 родители од македонска, турска, ромска, влашка, српска и бошњачка етничка заедница.
Теренската анкета се состои од 36 прашања на кои родителите одговараа анонимно. Нив анкетарите ги прашуваа за тоа колку се упатени во онлајн наставата, каква е и колку е редовна комуникацијата со класните раководители и раководителки или наставничките и наставниците, дали добиваат доволно информации за напредокот на своето дете , имаат ли проблеми со обезбедување на дополнителна ИТ опрема и интернет за своите деца и така натаму.
Родителите со коишто контактираа анкетарите на „Фокус“ беа пријатно изненадени што анкетните прашања се за дел од образованието. Според нивните одговори, особено во населените места потенцираа одредени проблеми со училишните објекти, ИТ технологијата , надгледните средства итн.
Резултатите од неа ќе бидат искористени при подготовка на анализата , како и на базата на податоци за потребите на проектот. Подготвената анализа ќе се презентира на завршен јавен настан заедно со препораките извлечени од анкетите.
Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.