Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС Велес, имплементирајќи го проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“, чија генерална цел е зголемување на влијанието над општината за отчетно и транспарентно издавање на градежни дозволи и овозможување на квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција од корупција објавува:
Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за експерт од областа на урбанизмот
Со солидни познавања и искуство во:
- Урбанизам,
- Работата на локалната самоуправа во процесот на издавање на градежна дозвола,
- Организациски менаџмент на градежни фирми и проектански бироа
- Познавање на законска регулатива за урбанизам и градежништво
Конкретно, експертот/ката треба да поседуваат компетенции од областите:
- издавање на градежни дозволи,
- подготовка и поднесување на документација за издавање на градежна дозвола и
- проектен менаџмент во градежништво и урбанизам.
Ангажираниот експерт/ка ќе биде ангажиран/а за период септември 2018 – јануари 2019 година, со ефективни 15 работни дена, со работни обврски:
- да подготви инстумент за мониторинг на општината, за издавање на градежни дозволи, да ја насочува работата на фокус групата, да изврши интервјуа и анкета на засегнатите страни и да подготви анализа од истражувањето;
- да искреира матрица за модел на интегриран мониторинг на општината за издавање на градежна дозвола, во кој ќе бидат опфатени сите вклучени страни;
- со новинар да подготват јавен документ за состојбата на транспаретност и отчетност на општината за издавање на градежни дозволи и урбанизацијата во локалната заедница и
- со проектниот тим да изработат финален извештај од истражувањето со креирани конкретни можни решенија за надминување на проблемите и потребите на граѓаните.
Кандидатите кои се заинтересирани за ангажирање на проектот, потребно е да доставт: понуда, копија од завршено ВСС (Градежен или Архитектонски ), CV и предлог концепт - модел на интегриран мониторинг на општината за издавање на градежна дозвола.
Пријавувањето се врши по електронски пат на е – маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. до 17.09.2018 год. (понеделник) до 16.00 часот.
Овој јавен повик е подготвена со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција". Содржината на јавниот повике единствена одговорност на авторите и на Фондација Фокус и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.