Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Во петок на 22 март со почеток во 18:00 часот во Ликовниот салон се одржа свеченото доделување на наградите од литературниот конкурс на тема ,,Мојот сон е...’’ распишан од страна на Младинскиот актив на Фондација за локален развој и демократија -ФОКУС. На распишаниот конкурс пристигнаа вкупно девет творби, при што комисија составена од членовите на активот ги додели наградите во две категории: проза и поезија.

Во категорија проза доделени се следните награди:

Прва награда на Елена Петреска, ментор – Владо Петровски, ООУ,,Св. Кирил и Методиј’’

Втора награда на Димитар Куцулов, ментор – Стефани Андреевска, ООУ,,Блаже Конески’’

Трета награда на Теона Гаврилова, ментор – Владо Петровски, ООУ,,Св. Кирил и Методиј’’

Во категорија поезија добитници на наградите се:

Прва награда на Стефанија Јакимовска, ментор – Наташа Брезовска-Богоевска, ООУ,,Стојан Бурчевски Буридан’’ во село Иванковци

Втора награда на Кристина Купенкова, ментор – Стефани Андреевска, ООУ,,Блаже Конески’’

Трета награда на Анѓела Ѓорѓиева, ментор – Елена Гуновска, ООУ,,Васил Главинов’’, на Мартина Давчевска, ментор – Елена Гуновска, ООУ,,Васил Главинов’’, на Антонија Сиљановка, ментор – Елена Гуновска, ООУ,,Васил Главинов’’ и на Мартина Смилева, ментор – Владо Петровски, ООУ,,Св. Кирил и Методиј’’

Благодарници добија и менторите на наградените ученички литературни творби.

На крајот од настанот се сумираа впечатоците, при што членовите на Младинскиот актив на Фондација Фокус истакнаа дека ќе продолжат и натаму да ги охрабруваат младите таленти слободно да го искажат својот став и мислење за важни теми во општеството и да го негуваат пишаниот збор.