Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

logofokus

 Опис на проектот:

Проектот “Идината сум и јас” кој е во реализација на Фондацијата „Фокус“ финансиран од страна на Механизам за граѓанска отпорност на ЕУ има за цел да изврши значително подобрување во полето на промоција и едукација на правата на младите и нивното учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Велес на сите нивоа. За таа цел проектот ќе работи со едукација на 120 млади ученици од 4 средни училишта во Општина Велес и ќе создаде тело кое ќе работи на едукација, иницијација, додавање и мониторинг на правата на младите на сите нивоа во општеството.

Задачи кои експертот ќе ги врши:

  • Да подготви Прирачник за запознавање, реализација и заштита со правата на младите како и со механизмите за промоција и лобирање за младинските права пред надлежни субјекти и институции во процесот на донесување одлуки
  • да одржи 8 дводневни обуки во 4 средни училишта за едукација за запознавање, реализација и заштита со правата на младите како и со механизмите за промоција и лобирање за младинските права пред надлежни субјекти и институции во процесот на донесување одлуки со наслов: Значењето на правата на младите и механизмите за промоција и лобирање во процесот на донесување на одлуки.

Обуките ќе се состојат од теоретски дел и практичен дел.

Теоретскиот дел треба да даде преглед на:

  • дефиницијата и значењето на правата на младите
  • начинот на реализација на правата на младите
  • заштитата на правата на младите
  • значењето на поимите застапување и лобирање како механизам за реализација на правата на младите
  • користењето на механизмите за промоција и лобирање на правата и интересите на правата на младите пред надлежните институции кои учествуваат во процесот на донесување на одлуки

Практичен дел:

   Во практичниот дел учесниците ќе имаат и ќе работат на практичен пример за:

  • дефиниција на правата на младите
  • идеја како можат да ги користат во конкретна ситуација
  • како да ги заштитат доколку се нарушени
  • каде и како да ги презентираат правата и како да лобираат заеднички потреби или реализација на права во општеството
  • да знаат да адресираат проблем на компетентен авторитет/субјект/институција
  • да изврши евалуација за реализацијата и успешноста на одржаните тренинзи

Времетраење на ангажман:

4 месеци

Квалификации кои обучувачот треба да ги поседува:

  • Долгогодишно искуство во работа со проекти
  • Долгогодишно искуство во областа на младинските права и нивно реализирање
  • Ораторски способности и искуство во предавања и работа со ученици

Постапка за аплицирање:

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

  • лична биографија на англиски јазик

на емаил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до понеделик 4 септември 2023 година.

Со најуспешните кандидати ќе бидат закажани интерјуа за селекција на кандидати.