Четиринаесет претставници на граѓански организации од Полошки и Југозападен Регион викендов присуствуваа на обука на невладини организации за следење на јавните набавки. Целта на обуката беше поголема вклученост на граѓанските организации во следењето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во јавните набавки.
Со цел зголемено влијание над Општина Велес за отчетно и транспарентно издавање на градежна дозвола и овозможување на квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција на корупција, граѓани кои се соочиле со проблеми во законската постапка на издавањето на градежна дозвола анализираа и адресираа пропусти и заедно со експертот дипл. град. инг Костадин Настевски предложија конкретни мерки за остварување на транспарентен процес во делот испораката на сервисите кон граѓаните.
Во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ на 11 и 12 септември 2018 година во Скопје ќе се одржи првата обука за регрантистите во проектот.