Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес ја одржа втората едукативна работилница во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци во рамки на проектот „Читај и меѓу редови“. На неа учествуваше втората група на ученици од трета и четврта година. Учениците веќе ги покажаа првите резултати од проектот со тоа што полесно ги препознаваат лажните вести пласирани на медиумите. Прецизно и точно одговараа на прашањата на новинарот на тема медиумска писменост и критичко размислување.
Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ ја одржа првата едукативна работилница од проектот „Читај и меѓу редови“ и во велешката Гимназија „Кочо Рацин“. На неа учествуваа 23 ученици од прва и втора година и иако релативно млади покажаа неверојатен интерес и сенс за темата медиумска умешност и критичко размислување.
Во рамки на проектот „Читај и меѓу редови“ Фондација за локален развој и демократија „Фокус“Велес ја одржа првата едукативна работилница во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци. На работилницата учествуваа 24 ученици од втора година и тие имаа можност преку практични примери да работат на сопствената медиумска умешност.