Прва едукативна работилница на проект „Читај и меѓу редови“ во велешката Гимназија
Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ ја одржа првата едукативна работилница од проектот „Читај и меѓу редови“ и во велешката Гимназија „Кочо Рацин“. На неа учествуваа 23 ученици од прва и втора година и иако релативно млади покажаа неверојатен интерес и сенс за темата медиумска умешност и критичко размислување.
Прва едукативна работилница со учениците од Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци
Во рамки на проектот „Читај и меѓу редови“ Фондација за локален развој и демократија „Фокус“Велес ја одржа првата едукативна работилница во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци. На работилницата учествуваа 24 ученици од втора година и тие имаа можност преку практични примери да работат на сопствената медиумска умешност.
Презентација и Средношколски медиумски форум на тема: „Читај и меѓу редови“ во кавадаречката Гимназија
Педесет ученици од прва до четврта година при Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци се запознаа со целите и активностите на проектот „Читај и меѓу редови’ што Фондација Фокус со медиумскиот партнер регионална телевизија КТВ го спроведува од септември годинава и ќе трае до февруари наредната година. Освен учениците, на промоцијата на проектот беа присутни и Атанас Шиков ,советник за образование во Општина Кавадарци како и дел од професорите кои во своите наставни предмети посветуваат внимание на медиуската писменост и градење на критички став, што всушност е тема и на проектот.
Проект: „Читај и меѓу редови“ - промоција и прв Медиумски средношколски форум во гимназијата во Велес
Четириесет и седум ученици од прва до четврта година од Гимназијата Кочо Рацин во Велес се запознаа со целите и активностите на проектот „Читај и меѓу редови“ што Фондација Фокус го спроведува од септември годинава и ќе трае до февруари следната година. Освен учениците, на промоцијата на проектот на која присуствуваше директорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Гоце Алексоски и шест професори кои во своите наставни предмети посветуваат внимание на медиуската писменост, што всушност е тема и на проектот.