Членовите на Комисија за урбанизам на Совет на Општина Велес анализираа и дадоа предлози за „ Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“
Голем проблем во Велес е конфигурацијата на теренот a донесените урбанистички планови се подготвени без добро планирање. Деталниот план за Речани е многу лошо направен , при планирањето на просторот не се соодветно предвидени содржини кои се од особена важност за граѓаните па затоа тие за набавка на основни намирници за живот мораат да доаѓаат до централно градско подрачје, како најблиско до нивните семејни живеалишта. Слична е состојбата и во други делови на Велес каде има донесено ДУП-ви. Деталните планови се лошо изработени , а Законот за јавни набавки не дава можност да се добие квалитетно изработен план
Локалната администрација ја анализираше транспарентноста и отчетноста на постапката за издавање на градежна дозвола во Велес
Постоечкиот Генерален урбанистички план ( ГУП ) на Велес е стар и не соодветствува со реалната состојба поточно неговата реализацијата е „ утопија“ и изработените, важечки, Детални урбанистички планови (ДУП-ви), се неквалитетни пред се поради подготовка од канцеларија а не со утврдување на фактичката состојба на терен. Ниту постоечките нови услови во старите градски јадра на Велес не соодветствуваат со правилниците за изработка на ДУП . При изработката на овие документи за да се поедностави постапката на издавање на Одобрение за градба потребно е да не се цртаат површините за градба туку само за намена, дебатираа учесниците во фокус групата државни службеници – јавна администрација вклучени во проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“.
Обука за невладини организиации за трошење на јавни пари
Охрид, 23-25.11.2018
Заврши и последната од петте интензивни обуки на кои 61 претставник на граѓански организации од сите региони во земјава научија како можат да го следат трошењето на јавните пари преку тендерите, секој во своето место на делување или според областите на интерес.
Проект „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ - ставови и препораки на изведувачи и надзор
Донесувањето на ДУП да не зависи од „моќници” со желба за спроведување на лични интереси туку општина Велес да го превземе уредувањето на просторот во интерес на граѓаните и нивните потреби во локалната заедница. Во дискусијата на фокус групата составена од изведувачи и надзор, што е дел од проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ беше истакнато дека за добивање на одобрение за градба на објект просечно се чека од 3 до 4 месеци ,а некогаш и многу повеќе што дирекно влијае на работата на изведувачите.