Реализирана првата хуманитарна соработка на „Фокус“ со Асоцијацијата „Алзас –Македонија“ од Франција
По неколкумесечната интензивна подготовка на Фондација Фокус во партнерство со Хаус оф хоуп - Ленче Здравкин и Асоцијацијата „Алзас –Македонија“ во партнерство со хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Лорен, Република Франција, во Велес на 11 април 2019 година пристигна хуманитарната помош наменета за јавните здравствени установи: Здравствен дом Велес, Болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во општина Чашка и Клинички центар во Скопје.
Посета на висока делегација од словенечкото МНР и Амбасада на Република Словенија
По две години од завршувањето на проектот “Економско зајакнување на жените од вардарски регион“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Фондација „Фокус“ беше посетена од секретарот на Директоратот за меѓународна соработка и хуманитарна помош на Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Матијаж Флоријанц Лукан и економскиот советник во Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија Гили Вишај.
Хуманитарна француска помош за јавните здравствени институции во Велес
Претседателот на француската Асоцијација „Алма“ од Алзас, Република Франција Жак Шлеф ја предводеше делегацијата што ја посети Фондација Фокус овојпат со цел , двете граѓански организации, да им помогнат на пациентите во двете јавни здравствени институции во Велес преку хуманитарна помош. Станува збор за донација од 18 специјални медицински фотељи за тешко подвижните граѓани кои од болница што се реорганизира во Алзас ќе стигнат во ЈЗО Општа болница и во Здравствен дом во Велес.
Обука за комуникациски алатки на Коалиција „СЕГА“ за зајакнат квалитет на комуникацијата на членките
На 29 и 30 јули 2020 година во просториите на Коалиција на младински огранизации СЕГА во Прилеп се одржа обука за комуникациски алатки која има за цел да го на Коалиција СЕГА кон младите,организаациите членки и засегнатите страни преку користење на нови технологии и трендови за комуниказија.