Работна средба во Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија - Регионален центар Велес
Стратешко планирање обезбедува добро планирање на активностите и на работата на граѓанските организации. Освен што е во согласност со мисијата и визијата, стратешкото планирање обезбедува вклученост на органите на управување, сите вработени и сите засегнати страни во утврдувањето на целите на ГО. Затоа оваа постапка е многу значајна за работата на секоја граѓанска организација која особено цели кон подготовка на долгорочна Стратегија за развој но и кон носење на квалитетен Годишен план за работа како и на Годишна програма за работа.
Студиска посета во Република Словенија за примена на стандарди за управување со квалитет
Во периодот 6-7 мај, 2019 година, работен тим на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес реализираше студиска посета на три граѓански организации во Љубљана, Република Словенија со цел да ја анализира примената на стандарди за управување со квалитет во граѓанскиот сектор.
Извештај со препораки од студиската посета на Љубљана
Дводневната посета на работниот тим на Фондација Фокус на Љубљана и остварените работни средби со претставници на граѓански организации кои долгорочно во својата работа практикуваат добри практики, отчетност и транспарентност базирани на стандарди и процедури како резултат ги даде следниве најзначајни препораки:
Четврта работилница за избор на модел за воспоставување на внатрешни правила и процедури на Фондација Фокус
На работилницата што се одржа на 30 мај 2019 година пред присутните членови на Одборот, на Комисијата за контрола на материјално финансовото работење на фондацијата, волонтери и поддржувачи беа презентирани искуствата од работните средби што основачите и експертката Јадранка Стефкова ги остварија со партнерските организации во Македонија и во Љубљана, Република Словенија за воведување на стандарди на работење на Фокус.