На писмата со барање на донации во палети што Фондација „Фокус“ ги испрати до компаниите „Хемомак“ Велес и „Ронтис“ Велес стигна потврден одговор.
Проектот „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање“ на „Фокус“ на 7 декември 2020 е избран за регрант од страна на ЦРПМ.
Според подготвените Планови, од страна на психолозите во двете партнерски институции на Фондација „Фокус“ имплементирањето на активностите во првата, поточно клонот „Ѕвончица“ започна на 21 септември 2020 со симболично засадување на туја како и на садници со цветни аранжмани додека почетокот во ПОУ „Маца Овчарова“ се случи на 7 Октомври 2020 година.