Средба на “Банка за храна Македонија” и грантистите од Велес со бизнис заедницата
На 20 јануари 2019 година на состанок на Ротари Клуб Велес гостин-спикер беше г-дин Душко Христов, кој во својство на претседател на “Банка за храна Македонија” ги презентираше хуманитарните активности на оваа организација која е дел од Европската Федерација на Банки за храна.
Промоција на проектот „Е-база“ во Центарот за социјални работи во Велес
На работен состанок со директорката на Центарот за социјални работи Азиза Џини беше промовиран проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ регрант на „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“.
„Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ партнерски проект на Фокус и Хаус оф хоуп
Tеренско мапирање на потенцијални граѓани на кои им е неопходна помош што ќе им гарантира надминување на состојбата на социјален ризик во која дел од нив западнале, не по своја вина, се спроведува во Велес. Мапирањето е дел од проектот на граганските организации „Хаус од хоуп - Ленче Здравкин“ Фондација „Фокус“ во партнерски проект „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ регрантиран од „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“.
Промовирана Анализата со препораките за Општина Велес во проектот „Транспарентна и отчетна градежна дозвола“
На Велес му е потребен нов Генерален урбанистички план, бидејќи постоечкиот, донесен пред 12 години и 6 години пред првиот Деталниот урбанистички план за централно градско подрачје, е со поминат рок. Тоа што во минатото е сработено обратно пропорционално денеска создва сериозни проблеми во животот на граѓаните во локалната заедница. Стратешкиот плански документ општина Велес сеуште го користи иако содржи состојби кои одамна не одговараат на фактичката состојба на терен. Она што е особено важно при донесувањето на планската документација е планирањето на развојот во сите свери на животот, од изградба на нови објекти преку улици, подземна инфраструктура, планирање на паркинг простор до локации за идни инвеститори е констатирано во Анализата што произлезе од шестмесечната реализација на проектот : Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола. Анализата е публикувана и содржи вовед , јавно мислење на граѓани, на изведувачи и на надзори, на проектанти и на урбанисти, на општинската администрација и на членовите на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Велес.