Како еден од основните принципи за развивање на демократијата волонтирањето овозможува:
- стекнување знаења и искуства и нивно пренесување во заедницата;
- запознавање со вредностите на граѓанското општество;
- стекнување свест за сопствените способности;
- размена на искуства, вештини и идеи;
- воспоставување партнерства;
- помош на други;
- патувања;
- запознавање нови луѓе.
Визија
Подобрување на условите за живот во локалната заедница по пат на доброволно ангажирање на граѓаните во решавањето на општествените проблеми и нивно вклучување во афирмација на одговорностите и грижата во заедницата во која што живеат.
Мисија
Промовирање на доброволната работа во полза на развојот на локалната заедница преку подигнување на свеста кај граѓаните за нивната улога и одговорност за демократизација на заедницата.
Цели
Фондацијата Фокус преку своите редовни волонтерски активности ќе ги остварува следните цели:
- промоција на волонтеризам;
- формирање на волонтерски клуб;
- воспоставување на кодекс и правила за работа;
- организирање на едукација и обука на волонтери;
- идентификување на потребите во заедницата за волонтерска работа;
- поддршка на граѓанскиот сектор и
- воспоставување партнерства со јавниот и приватниот сектор.
Целни групи
Директни целни групи на ФОКУС се: граѓаните - активисти во локалните невладини организации, локалната власт, месните и урбани заедници и приватниот сектор.
Принципи на работа и соработка
Во практиката на волонтирањето на Фондацијата за секое индивидуално или групно ангажирање ќе се почитуваат и применуваат следните принципи на работа и соработка:
- меѓусебна доверба;
- партнерство;
- активно учество и консултации;
- транспарентност (јавност);
- независност;
- одговорност;
- посветеност;
- немање на етнички, родов, социјален, политички и било каков друг фокус;
- доследност и професионалност.