Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Во детските забавни паркови ,,Дизни,, и ,,Тунел,, се спроведе акцијата од кампањата ,,Зачувај, не уништувај,,. Градоначалникот и дел од администрацијата на општина Велес, како и волонтери од извиднички одред ,,Димитар Влахов,, учениците од основните училишта Васил Главинов и ЈХК Џинот, Детски младински парламент, Клубот на млади пеи Црвен Крст, Чекори на млади и Фондација Фокус ја реконструираа урбаната опрема на двете локации. Се фарбаа лулашките и останатата рекреативна опрема и се променуваа искршените клацкалки и клупи.
Целта на акцијата е  да се поддигне свеста и одговорност на граѓаните, особено на младите кон зачувување на веќе поставената урбана опрема.

 

На 25.11.2011 година во ООУ ,,Рајко Жинзифов,, во село Горно Оризари беше промовирана кампањата ,,Зачувај, не уништувај,,. На барање на претпоставените од училиштето, координаторот на младинскиот клуб ,,Фокус,, Дејан Ристов ја промовираше кампањата пред повеќе од триесетина ученици. Покрај презентацијата беше поделен и промотивен материјал од кампањата.

 

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, Велес, во соработка со општина Велес, а поддржана од Здружението на поранешни волонтери на Мировниот корпус „Пријатели на Македонија“ и Младинскиот образовен форум, по повод  одбележувањето на 8 Октомври – Ден за намалување на уништување на природата, ја отпочна кампањата „Зачувај, не уништувај“. Целта на кампањата е зголемување на моралната обврска и одговорност на граѓаните во општината, особено младите, да покажат порационално и добро однесување и постапување со урбана опрема што е наменета и за нив.