Фондација за локален развој и демократија ФОКУС – Велес објавува јавен повик за набавка на паметна табла во рамки на проектот „Младинска инфо зона во Младински центар Велес“ финансиски поддржан од Агенција за млади и спорт на Северна Македонија.
За потребите на инфо зоната во младинскиот центар Велес се набавува паметна табла којашто ги има следниве спецификации:
-Големина: 80''+
-Прецизност: Помалку од (<) 2mm
-Мулти-допир
-Подршка за Windows оперативен систем
-Поддршка на Microsoft Office програми
-Вклучен софтвер
-Вклучени додатоци(пенкало, usb кабел, упатство итн)
-Вклучена монтажа
Понудите да се испратат на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за испорака на понудите од страна на фирмите е : 10.09.2021
ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ИТ ФИРМА / ЕКСПЕРТ ЗА ИТ ЗА КРЕИРАЊЕ НА РЕГИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ ВЕБ ПОРТАЛ
Фондација за локален развој и демократија ФОКУС – Велес објавува јавен повик за ангажирање на ИТ фирма/ експерт за ИТ за изработка на Младински информативен веб портал во рамки на проектот „Младинска инфо зона во Младински центар Велес“ финансиски поддржан од Агенција за млади и спорт на Северна Македонија.
ИТ фирмата или ИТ експертот потребно е на е-маил да испратат :
- C.V.
- Предлог цена за креирање на Младински веб портал за потребите на проектот
- Цена на техничка поддршка на искреираниот веб портал
Потребните документи да се испратат на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Рокот за пријавување е 7 дена од објавата на повикот.
„Младинска инфо зона во Младински центар Велес“ е насловот на проектот со кој Фондација „Фокус“ обезбеди финансиска поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија.