Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
Покана за јавна расправа/работилница за “Стратегија за волонтерството”

Во името на Здружението КОНЕКТ, Европскиот центар за непрофитно право и Фондација за локален развој и демократија Фокус, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Ве покануваме да присуствувате на јавна расправа/работилница за “Стратегија за волонтерството”, која ќе се одржи на 28 април (вторник) 2009 год, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Фондација Фокус.

Кон крајот на 2006, Владата на Република Македонија усвои одлука за донесување на Закон за волонтерство. Законот беше донесен од страна на Собранието во јули 2007год. Со самото донесување на законот се наметнува и потребата од донесување на стратегија за волонтерството. Со развивањето на стратегија ќе се придонесе кон системски и одржлив развој на волонтерството во Република Македонија. Во 2008, од страна на експерт беше изработена нацрт верзија на стратегијата која првично беше споделена со дел од здруженијата на граѓани. За да се добие стратегија која ќе соодветсвува на околностите и потребите во Македонија, во понатамошните фази потребно е да се отвори поширок процес на консултации со засегнатите страни. За таа цел, во рамки на Проектот за јакнење на граѓанското општество спроведуван од конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници, а финансиран од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) ќе се организираат осум јавни расправи/работилници низ Македонија на кои се предвидува пошироко вклучување на невладиниот сектор, волонтерите, јавните институции и други заинтересирани страни.

Во таа насока Ве покануваме активно да се вклучите во јавната расправа со цел да се информирате, да ги споделите Вашите искуства и ставови во однос на волонтерството и да дадете свој придонес кон изработка на што поквалитетена и одржлива стратегија, која ќе одговори на нашите потреби и практики и ќе овозможи волонтирањето да го најде соодветното место во општественото живеење на Македонија.

На работилницата ќе учествуваат претставници од Министерството за труд и социјална политика, како и претставници од работната група која ќе ја изработува стратегијата.

Особена чест и задоволство ќе ни претставува доколку ја прифатите поканата и земете учество во јавната трибина. Во прилог на поканата ви ги доставуваме дневниот ред и нацрт стратегијата за волонтерството.

28 април (вторник) 2009 година

Фондација Фокус, Велес

Дневен ред:

 

11:00 – 11:15 Регистрација на учесници

11:15 – 11:30 Воведно обраќање – Веса Шкортова, Фондација Фокус

11:30 – 11:45 Процес на донесување; цели и опфат на стратегијата за волонтерство - Никица Кусиникова, Конект

11:45 – 12:15 Презентација на содржината на Стратегијата за волонтерство – Мирјанка Алексевска, Министерство за труд и социјална политика

12:15 – 13:00 Дискусија; заклучоци и следни чекори

13:00 - Освежување и неформална дискусија