На тркалезната маса на тема ,,Волонтерството во пракса,, на која присуствуваа граѓанските организации од Велес кои практикуваат волонтерска работа, се разгледаа состојбите и предизвиците со кои се соочуваат организациите и се споделија искуства од спроведување на различни програми за волонтирање во Европа и САД.
Целта беше да се утврдат потребите на организациите за создавање што поповолни услови за волонтирање, да се разгледаат можностите за соработка помеѓу граѓанските организации, бизнис заедницата и иинституциите и на тој начин да им се овозможи на волонтерите да го дадат својот придонес во заедницата.
На средбата присуствуваа волонтерите на Мировен корпус и Хабитат, како и Центарот за регионален развој од Неготино кои досега имаат искуство со реализирање на волонтерски програми.
Присутните претставници од граѓанските организации ОО ,,Црвен Крст,,, Извиднички одред ,,Димитар Влахов,, Доброволно против пожарно друштво ,,Видра,, ,,Македонски спасител,, ЕД ,,Вила Зора,,, Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија, ЗГ ,,Романи берша, ЗГ ,,СТРАВ,, Центар за научна фантастика ,,Визија,,, ЗГ Чекори на младите и ЗГ ,,Надеж,, од Градско беа едногласни во заклучокот дека на волонтерството му треба поголема афирмација и дека е потребен заеднички организиран настап и соработка за поттикнување на волонтеризмот.
На средбата присуствуваа и претставници од општина Велес кои ја изразија подготвеноста за поддршка на волонтерските активности на организациите.
На овој начин граѓанките организации се вклучија во одбележување на европската година на волонтерство.