На 27.1.2009 год. (вторник) во просториите на Фондацијата “Фокус“ се формираше првата советодавна група граѓани (СГГ). Во составот на оваа СГГ влегуваат преставници на Урбаните заедници, младински НВОи, здруженијата на пензионери и од Одделението за превенција при Полициската станица Велес Главни организатори на средбата се МВР - СВР Велес и ОБСЕ. Овие советодавни групи ќе имаат значење на групи за решавање на проблеми од заеднички интерес на локано ниво.
На оваа средба Началникот на одделението за превенција г-дин Ненко Александров ги презнетираше потребите, целите и предизвиците за основање на локалните СГГ, потоа се избра претседател на СГГ г-дин Диме Велев - програмски директор на Фондацијата ФОКУС.
Овој концепт ке овозможи партнерство преку кои ќе се зајакнат односите помеѓу полицијата и граѓаните, а воедно ќе се подобри и комуникацијата и размената на информации, пред се севкупниот квалитет на живеење.