На работилницата која се одржа на 20.10.2009 година во интернатот на основното училиште ,,Тодор Јанев,, во населба Чашка присуствуваа 17 учесници. Петнаесет од нив беа претседатели или членови на месните заедници и двајца претставници од локалната самоуправа. На работилницата присуствуваа претставници од следните месни заедници: МЗ Крајници, МЗ Илинден Чашка, МЗ Мелница, МЗ Богомила, МЗ Горно Јаболчиште, МЗ Мартолци, МЗ Теово, МЗ Чашка, МЗ Еловец, МЗ Керамидна Чашка, МЗ Лисиче. Претставникот на МЗ Горно Јаболчиште бил овластен да ги презентира приоритетите за МЗ Долно Јаболчиште и МЗ Горно Врановци.
Од Општина Чашка присуствуваа Горан Игнов, советник за градежно уредување на земјиште и Емилија Спировска советник за урбанизам. Согласно агендата г-дин Игнов на претставниците на месните заедници им објасни зошто и кои од нивните поднесени приоритети од минатата година се реализирани, а г-ѓица Спирковска го презентираше донесениот ЛЕАП во кој се напишани основните насоки по кои ќе се води општината во следната година. Потоа, претставниците од секоја месна заедница (зависно дали присуствуваа по еден или два члена ) на флип чарт хартија ги запишаа приоритетите на нивните заедници за следната 2010 година. Ова се потребите на месните заедници од општина Чашка кои присуствуваа на работилницата, наредени по приоритет без посебен ред во излагањето на месните заедници.
МЗ Крајници
1.да се направи патот од село Фојница до село Крајници
2.да се донесе вода по природен пат во селото
3.да се направи уличните ламби да светат и да се гасат сами
4.да иде доктор два пати во месецот оти има стари луге
5.да се даде помош на сточарите во зимен период
МЗ Илинден Чашка
1.допоправање на улиците
2.прилаз на и под железничката станица
3.изградба на мини спортски терени
4.улично осветлување
МЗ Мелница
1.санација на локален пат село Голозинци -село Мелница
2.парно греење во уцилиштето
3.изградба на улица од 300 метра
4.изградба на спортски терени во училиштето
5.изградба на пречистителна станица на веќе изградената фекална канализација
МЗ Богомила
1.довршување на канализацијата
2.постојан лекар
3.бетонирање-асфалтирање на патишта низ Богомила
4.зафати на извори за водовод
5.улично осветлување
МЗ Горно Јаболчиште
1.патот Јаболчиште село Дреново
2.бетонирање селски улици
3.спортски стадион за младите
4.локација и ангажирање луѓе за чистење на отпадот
5.водовод за пиење
МЗ Долно Јаболчиште
1.патот до Дреново
2.фекална канализација
3.проширување и рамнење на селски улици
4.водовод за селото
МЗ Горно Врановци
1.реконструкција на патот Врановци раскрсница до браната
2.бетонирање на канал за водата за наводнување
3.фекална канализација
4.училиште
5.бетонирање на селски улици
МЗ Мартолци
1.бетонирање на улица 130 метри
2.уредување на центарот
3.подобрување на уличното осветлување
4.исправка на коритото на река Бабуна на две места
5.изградба на постројки за ученици кои што го чекаат комбето
МЗ Теово
1.доградба на нов вод од пумпна станица до резервоар за вода
2.мост на река Бабуна во село Теово
3.мост на река Бабуна кон селата Ораовдол, Мокрени и Габровник (односно ставање на заштитна ограда)
4.изградба на спортско игралиште
МЗ Чашка
1.локалниот пат да влезе во програмата за одржување (тампон и асфалт)
2.реконструкција на селската чешма
3.замена на електричната мрежа и замена на бандери
4.проблем на отпадно губре
5.поголема комуникација со општината
МЗ Еловец
1.бетонирање на селска улица 700 метри квадратни со потпорен ѕид од 20 метри квадратни
2.изградба на резервен базен за вода
3.да се изврши промена на електричната мрежа и постоечки бандери
4.да се изврши ископ на селска чешма со поставување на црева
5.реновирање на објектот сопственост на МЗ
МЗ Керамидна Чашка
1.доизградба на улица Коцо Рацин од 50 метри со асфалт
2.правење на одводен канал, подземување на атмосферска вода
3.тампонирање на споредни улици
4.отстранување на бандера од сред улица КоцоРацин
5.просторија на МЗ
МЗ Лисиче
1.изградба на фекална канализација
2.приклучок за вода од хидросистем Лисице
3.доигзрадба на спортски терен
4.тампонирање на улици
5.поправка на пат до манастир ,,Свети Илија,,