На работилницата која се одржа на 20.10.2009 година во малата сала на општина Градско присуствуваа вкупно 15 учесници од кои еден претставник на општината, четворица претставници на невладини организации и шест припадници на месни заедници. Од месните заедници беа присутни претсавници од МЗ Горно Чичево, МЗ Долно Чичево, МЗ Кочилари, МЗ Градско, МЗ Ногаевци, МЗ Уланци и претставници од невладините организации ,,Мрена,, ,,Надеж,, КУД ,,Стоби,, и Младински совет Градско, како и претставник на здружението на пензионери.
Од претставникот од општината им беше презентирано што било сработено во изминатата 2009 година и на што ќе се фокусира општината во следната 2010 година. Дел од посочените приоритети на општината се најдоа и на списокот на месните заедници или невладини организации. Во продолжение следуваат потребите  на месните заедници наредени по приооритет без посебен ред во излагањето на месните заедници.


МЗ Горно Чичево
1.изградба на канализација
2.асфалтирање на патот од долно Чичево до горно Чичево
3.санација на црква

МЗ Долно Чичево
1.изградба на канализација
2.нов извор за напојување со вода (изградба и испитување на капацитетот на изворот Герис)
3.здружение на лозаропроизводители

НВО ,,Мрена Градско
1.изградба на спортска сала
2.опремување на просторија за друштвото

НВО ,,Надеж,,
1.лице кое ке се грижи за лицата со посебни потреби
2.ознака на просторијата
3.инвентар за просторијата

МЗ Кочилари
1.асфалтирање на патот од регионалниот пат со селото
2.вососнабдување на високите делови од селото

МЗ Градско
1.осветлување на населбата Градско стопанство
2.технолошка вода во тек на цела година за целата населба

МЗ Ногаевци
1.реконструкција на мост
2.доасфалтирање на главната улица

Здружение на пензионери
1.дотур на вода до пензионерскиот дом

МЗ Уланци
1.асфалтирање на патот од ,,Жито Вардар,, до село Уланци
2.резервоар за пречистување на вода
3.реконструкција на мост на Вардар
4.асфалтирање на улици во селото

По презентирањето на сопствените приоритети сите присутни се сложија дека   приоритети за следната 2010 година:

1.     изградба на спорстка сала,
2.    асфалтирање на патот од регионалниот пат во МЗ Кочилари до селото,
3.    асфалтирање на патот од ,,Жито Вардар,, до село Уланци,
4.    реконструкција на мост во МЗ ногаевци,
5.    како и обезбедување на лице кое ке се грижи за потребите на лицата со посебни потреби.

На дел од присутните им беше посочено дека мал дела од приоритетите не се во надлежност на локалната самоуправа и нивно решение треба да бараат кај други институции. КУД,,Стоби,, и НВО младински совет Градско немаа сопствени приоритети но се изјаснија при определувањето на приоритетот за целата општина.