Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
 
На работилницата која се одржа на 26.10.2009 година во општина Лозово присуствуваа вкупно 17 присутни од кои 3 претставници од локалната самоуправа, градоначалникот Орце Цветковски, директорот на јавното претпријатие Лозово, советници од општина Лозово,  наставник и 5 претставници на месни заедници.

 



На работилницата од страна на претставник од општината на присутните им беше образложено колку и зошто од проиритетите кои ги идентификуваа минатата година се досега реализирани. Градоначалникот Орце Цветковски ги образложи приоритетите на општината за следната 2010 година велејќи дека доколку општината продаде место за изградба на бензинска станица и добие пари ќе може да реалиzира дел од приоритетите во спротивно општината има долг од 12 милиони денари, а буџет од 10 милиони денари и тешко ќе оди реализацијата на приоритетите. Присутните на овогодинешната работилница ги идентификуваа следните приоритети.

МЗ Лозово
1.изработка на Детален урбанистички план за општина Лозово
2.урбанизирање на неградежно земјиште во МЗ Лозово
3.набавка на средства (камион, контејнери) за комунално претпријатие
4.отворање на канцеларија на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство
5.привлекување на инвеститори

МЗ Милино
1.изградба на фекална канализација
2.санација на патот Милино - Лозово
3.попесочување на улиците во месната заедница
4.реконструкција на електрична мрежа (оштетени бандери)
5.изградба на повеќе наменско игралиште

МЗ Ѓузумелци
1.асфалтирање на патот Милино -Ѓузумелци
2.да се доправи пат Каратманово -Кнежје

МЗ Каратманово
1.изградба на канализациона мрежа
2.замена на азбестни цевки за вода
3.асфалтирање на пат Каратманово-Дурфулија
4.тампонирање на главните улици низ селото
5.изградба на детски забавен парк

МЗ Серемзалино
1легализирање на зелен пазар
2.изградба на спортско игралиште
3.тампонирање на главна улица
4.изградба на фекална канализација

МЗ Дорфулија
1.урбанизирање на неизградено земјиште, ДУП
2.доизградба на канализациона мрежа
3.детски забавен парк
4.доосветлување на селото
5.доуредување на училиште


МЗ Ќосолери
1.приклучок за вода
2.тампонирање на главна улица

МЗ Аџиматово
1.тампонирање на улици

-поддршка на културно уметничко друштво

Во следната фаза од работилницата присутните со изјаснување на секој претставник за по еден приоритет кој е клучен за него во два круга беа избрани следните пет приоритети.

1.изработка на детален урбанистички план за општина Лозово
2.доизградба на канализациона мрежа во МЗ Дорфулија
3.замена на азбестни цевки за вода за пиење
4.легализирање на зелен пазар во МЗ Серемзалино
5.асфалтирање на пат Каратманово-Дурфулија

На работилницата се говореше и за прочистување на одводен канал сопственост на Хидро систем ,,Брегалница,, од Кочани, кој беше идентификуван приоритет од минатата година, а кој е проблем на општината во изминатите триесетина години, но сепак неговото решавање е во надлежност на повеќе државни институции.