Извештај од одржаната јавна расправа по нацрт документите на општина Велес за 2010 година
Согласно законските рокови кои ги има Советот на општина Велес и утврдената динамика расправата се одржа токму на овој датум иако градоначалникот Горан Петров како предлагач беше службено отсутен.
Од општинската администрација беше посочено дека сите забелешки од присутните ќе бидат уредно запишани и доставени до Советот на општина Велес кој го има последниот збор и одлуката што од предлозите ќе биде вклопено во програмата за следната година а што не.
На расправата присуствуваа седумдесетина учесници. Од нив 5 службеници од општинската администрација, 6 членови на Советот на општина Велес, 18 претставници од 10 невладини организации и 41 претставник од спортските клубови од градот, Сојузот на училишен спорт од Сојузот на спортови И претставници од училиштата.
На почеток од службениците на општинската администрација беа презентирани нацрт програмите, а потоа тие одговараа на прашањата на присутните. Нацрт програмите за уредување на градежно земјиште и животна средина, потоа за локален економски развој, за против пожарна заштита, програмата за комуникација и промоција и таа за меѓународна соработка не предизвикаа интерес кај присутните граѓани односно до општинската администрација не беше доставен предлог или забелешка по овие програми.
По нацрт програмите за образование, култура и поддршка на НВО секторот од службениците беше побарано:
- да биде воведен час по ромски јазик
- обуките за млади по ораторство да бидат внесени во програмата,
- да бидат одобрени средстава за нова кореографија на КУД ,,Керамичар,,
Од Ангелче Гушев, Извиднички одред ,,Димитар Влахов,, беше контатирано дека тие досега не ги добиле одобрените средства за оваа година и дека со тоа НВО се ставаат на маргините на општественото живеење,
Најинтезивна расправа се водеше по нацрт програмата за спорт. Зоран Ѓуровски, претседател на Сојузот на спортови праша кој ја составил програмата и зошто тие не биле консултуирани. Катица Чадиева, одговорниот општински службеник одговори дека овогодинешаната програма е со цел да му даде акцент на масовниот спорт, дека претходно имало предлози кои биле со високи суми но дека тие било невозможно да се вклопат. Беше посочено дека парите за спортот се скратени за околу 20 проценти додека парите кои што и оваа година ќе бидата дадени за културата се останати со истите ставки како лани.
Како приоритетно беше побарано:
- отворање на спортска амбуланта,
-да биде поправена спортската сала ДТВ ,,Партизан,,
- воведување на лигите за натпреварување во организација на Сојузот на спортови кои биле избришани од програмата.
- во програмата за следната година да влезе организацијата на турнир во тенис ,Велес ОПЕН,, кој ќе биде организиран од тенискиот клуб ,,Борец,,.
-средства за фудбалскиот клуб ,,Борец,, како и за кошаркарскиот клуб,, Борец,,.
- средства за меморијален фудбалски турнир ,,Зоран Паунов,, на што дел од присутните реагираа дека бараат средставата кои се одредени за меморијални турнири да бидат пренасочени во Сојузот на училишен спорт.
Претставник од кајакарите рече дека нивниот предлог за изградба на кајакарска патека бил одбиен зошто како што образложи општинската администација чинел 2 милиони и 250 илјади денари, меѓутоа тие бараат:
- да се одобрат средствата со кои би се добила маркица или би се изработил проект, а изградбата на патеката да оди етапно.
Имаше забелешки дека нема пари за сојузот на училишен спорт (а тој приоритетно треба да се негува), дека на половина се скратени парите наменети за карате спортот, а дека се обезбедуваат пари за автомобилски натпревар во спретно возење.