Извештај јавна расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за 2010 година
Јавната расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за претставниците на месните и урбани заедници се одржа на 4.11.2009 година во големата сала на општина Велес со почеток во 18.00 часот. На неа присуствуваа 41 учесници од кои 9 членови на Советот на општина Велес и останатите 32 претставници на урбани и месни заедници. На почетокот на јавната расправа од службениците на општинската администрација беа презентирани сите Нацрт- програми за активностите на општината во следната 2010 година.
На јавната расправа не присуствуваше градоначалникот Горан Петров кој беше службено отсутен, но според утврдената динамика и законските рокови јавните расправи мораа да бидата одржани на овие два датуми.
За Нацрт-програмата за против пожарна заштита беше предложено:
о да има дежурен пожарникар во руралните срдини кој ќе ја информира ППЕ
о да биде направен елаборат за поставување на хидранти во повисоките и понедостапни делови од градот
Најголем интерес беше пројавен за Нацрт - Програмата за урбанизам и комунално уредување. Од присутните беа предложени следните активности:
о осветлување на улицата ,,Љубљанска,,;
о цементирање на ,, улицата ,,Игманска,,;
о да бидат обезбедени потребните дополнителни 500.000денари за селото Црквино за изградба на водовод;
о обезбедување на 200 метри цевки за Црквино;
о реконструкција на улицата ,,Петре Алчев,,;
о да се постават "легнати полицајци" на улицата ,,Васил Ѓорѓов,,;
о да биде направена улицата ,,Васа Кошулчева,,;
о да се постави ограда над гаражите на улицата ,,Ленинова,,;
о да се постави потпорен ѕид на улицата ,,Милан Страчков,, број 21;
о да биде направен потпорен ѕид на улицата ,,Игманска,,;
о тампонирање на 300 - 400 метри пат од месноста ,,Каменот,, кон Костурница;
о да се променат азбестните цевки и постават пластични од природната чешма во село Башино село;
о да се поправи кровот на амбулантата и месната заедница во село Караслари;
о да биде изградено игралиште во село Караслари;
о водоводот во село Караслари да биде под надлежност на јавното комунално претпријатие;
о да се доправи плоштадот во село Сујаклари на сметка на тоа што веќе неколку години жителите ја плаќаат водата која се троши во училиштето;
о да се изнајде начин за собирање на тврдиот отпад на селата кои гравитираат околу село Отовица;
о да биде направена фекална канализација и тампонирање на дел од главната улица во село Клуковец;
о да се разреши проблемот со атмосферската канализација на улицата ,,Лазо Осмаков,, број 10 и 11;
о да се пренамени старата училишна зграда и да се изгради игралиште во село Горно Оризари и
о да биде направена фекална канализација во село Горно Оризари
На оваа јавна расправа не беа доставени предлози или забелешки од страна на присутните учесници за останатите нацрт-програми за активностите на општината за следната 2010 година..
Од општинската администрација беше посочено дека сите забелешки и предлози уредно ќе бидат запишани и ќе бидат доставени до градоначалникот и Советот на општина Велес. По консултациите со градоначалникот на дел од присутните ќе им биде даден писмен одговор.