Извештај од јавна расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за 2010 година
Јавната расправа по Нацрт-документите на општина Велес за претставници на институции од областите на: образование, култура, здравствена и социјална заштита, се одржа на 4.11.2009 година во големата сала на општина Велес со почеток во 17.00 часот. На неа присуствуваа 32 учесници од кои 13 претставници од училиштата, 7 членови на Советот на општина, претавник од ТППЕ Велес (против пожарна бригаде), претставник од ЈЗУ Зравствен дом, 2 ученици од Центарот за социјални грижи, 3 од НВО Виготски, 2 членови на месни заедници. На почетокот на јавната расправа од службениците на општинската администрација беа презентирани сите Нацрт- програми за активностите на општината во следната 2010 година.
На јавната расправа не присуствуваше градоначалникот Горан Петров кој беше службено отсутен, но според утврдената динамика и законските рокови јавните расправи мораа да бидата одржани на овие два датуми.
За Нацрт-програмата од областа на образованието беше предложено:
• да се обезбедат повеќе средстав за капитални инвестиции
• општината да изнајде средства за обезбедување на психолог со барем половина работно време во СОУ,,Јовче Тесличков,,
• обука на наставниците и раководниот кадар од ООУ ,,Рајко Жинзифов,, во село Горно Оризари
• да биде вработен котлар во училиштето ООУ ,,Рајко Жинзифов,, во село горно Оризари
• да бидата поставени "легнати полицајци" пред училиштето во Оризари
• да се воспостави мобилна чуварска служба за ЈДУ ,,Димче Мирчев,, (градинки) која паралелно ќе работи и во училиштата.
• да биде изработен проект за изградба или реновирање на греењењто во Гиманзијата ,,Кочо Рацин,,
• да биде воспоставен општинскиот образован портал и изработени веб старни на училиштата во руралните средини
• да се осветли и асфалтира игралиштето во населбата Превалец
За Нацрт-програмата од областа на социјалната и здравствената заштита беше предложено:
• да се организира донаторска конференција за социјално најзагрозените деца
За останатите нацрт-програми не беа доставени предлози или забелешки од страна на присутните учесници на јавната расправа.
Од општинската администрација беа давани одговори на поставените прашања и уредно запишувани забелешките и предлозите кои ќе бидат доставени до градоначалникот и Советот на општина Велес.