Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
На 07.12.2009 година во организација на општина Градско и Фондацијата Фокус во салата на општина Градско се одржа првата јавна расправа по Нацрт- програмите и буџетот на општината за следната 2010 година. На расправата присуствуваа 18 претставници од кои: градоначалникот Глугур Коцев, 2 од општинска администрација, 7 членови  на Совет, 6 претставници од месни заедници и 2 од здруженија на граѓани.
 
На расправата која по прв пат се одржува во општина Градско, градоначалникот Глигур Коцев и претставникот на општинската администрација Виолета Малчева  пред присутните ги презентираа трите развојни програми на општината за следната 2010 година. На последната седница на совет општината ги усвоила следните развојни програми: изградба и реконструкција на локални патишта, изградба на системи за водоснабдување и спорт и рекреација. Граѓаните на претходно организираните работилници за идентификување граѓански приоритети од Фондација Фокус И општина Градско, до Советот на општината доставија приоритети, од кои дел од нив веќе се влезени во програмите на општината.  На организираната јавна расправа присутните ги дадоа следните два дополнителни предлози:

1.Асфалтирање и тампонирање на патото од Долно до Горно Чичево
2.Асфалтирање на паторот до селото Кочилари  

Градоначалникот Глигур Коцев пред присутните објасни дека  општината се труди да реализира проекти во сите населени места од општината, но дека се зависи од парите. Токму поради тоа општината конкурирала на повеќе места и институции со цел да обезбеди пари за капитални инвестиции. Коцев рече дека општината е високо зависна од централната власт и колку проекти таа ќе успее да реализира многу зависи од средствата кои ќе ги добие од државата.