Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Конференција ,,Локална демократија и активно граѓанско учество,, во организација на Фондацијата ,,Фокус,, со поддршка на Институтот за трајни заедници преку фондови на УСАИД се одржа во големата сала на општина Велес на 14 декември 2009 година. На конференцијата присуствуваа вкупно 78 учесници. 37 од нив беа претставници од институции, 16 од месни самоуправи, 15 од невладини организации и 10 претставници од медиуми.

 

 


Конференцијата започна со воведно излагање на извршниот директор на Фондацијата Веса Шкортова која ги поздрави учесниците и ја објасни целта на конференцијата да се споделат искуства од примената на моделите за граѓанско учество во четирите општини Велес, Градско , Лозово и Чашка и да се поттикне меѓуопштинскатта соработка. Воведни излагања имаа и: заменик министерот за локална самоуправа, г. Ферат Фератоски и градоначалниците на четирите општини со кои соработува фондацијата, г. Горан Петров, градоначалник на општина Велес, г. Глигур Коцев, градоначалник на општина Градско, г. Орце Цветковски, градоначалник на општина Лозово, г. Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка и г. Kent Lizzio, директор за демократија и локално владеење во УСАИД. По воведните излагања од г. Никола Сталевски од Центарот за истражување и креирање политики и г-а Славица Ќучукова Николова од Фондација ,,Фокус,, беа презентирани резултатите од спроведениот мониторинг за реализација на граѓанските приоритети спроведени од локалните самоуправи во сите четири општини.

На сесијата ,,Локална демократија и активно граѓанско учество,, за своите искуства во практикувањето на овие области говореа Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Маја Стојановска, генерален секретар на Младинскиот Образовен Форум и Димче Велев, програмски директор на Фондацијата ,,Фокус,,. Потоа присутните, зависно од својот интерес се поделија да учествуваат на двата органзиизрани панели.

Првиот беше насловен ,,Како до поуспешна идентификација и реализација на граѓанските приоритети,,. На него говореа Костадин Настевски од општина Велес, Васка Драшковиќ од Центарот за институционален развој (ЦИРА). По излагањата на дискусијата на која говореа учесниците беа донесени неколку заклучоци и  дадени следните препораки:

Заклучоци:

- Општините имаат модел за вклучување на граѓаните во локалните политики;

- Се прибираат граѓанските приоритети од претставниците на урбаните и руралните заедници И НВО а во некои општини се организираат работилници во соработка со НВО. Постои и можност за доставување предлози по електронски пат;

- Општините најчесто ги земаат предвид препораките на граѓаните при подготовка&нбсп; на програмите и буџетот:

- Има поставено информатори за процедурите на општината;

- Постојат огласни табли, но не е доволен нивниот број за граѓаните во поголемите населени места;

- Успешно работи граѓанкиот сервис;

- Се користат анкети за да се ,,дознаат,, потребите и ставовите на граѓаните;

- Во процедура е добивањето сертификат ИСО 9000-2009 со што ќе се зголеми квалитетот на услугите;

Препораки:

- Администрацијата да прави детален увид во состојбите на терен пред да ги подготвува програмите и плановите за да бидат базирани на реални проценки;

- Да се унапреди комуникацијата меѓу локалната самоуправа и месните и урбани заедници (претседателите на месните самоуправи да бидат писмено информирани за сите планови и одлуки кои се однесуваат на нивната средина и за сите евентуални измени;

- Да се обезбедат средства за непречена работа на месните самоуправи и тоа со одделување одреден процент од буџетот за простор, телефон и основни трошоци;

- Да се даде отчет за реализацијата на поднесените граѓански приоритети;

- Да продолжи соработката со НВО;

- Да се организираат квартални координативни средби со претставниците од општинската администрација и месните самоуправи заради поцелосно информирање и координација во работата.

Вториот панел беше посветен на ,,Подобрување на меѓуопштинската соработка-можности за решавање заеднички проблеми,,. На него свои воведни излагања имаа Александар Бузалков, директор на центарот за Вардарскиот плански регион, Ивана Димитровска, од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) Цветанка Гирова од Единицата за координација со форумите. Присутните ги предложија следните заклучоци и препораки:


- Да се создадат можности за поуспешна соработка помеѓу општините;

- Да се искористат можностите и ресурсите кои ги нуди центарот на Вардарскиот плански регион;

- Да се интензивира соработката помеѓу четирите општини: Велес Градско, Лозово и Чашка на проекти кои се од заеднички интерес;

- Да се превземат позитивните искуства од општините во Франција и моделот на нивна меѓусебна соработка со специфика на регионот Долна Нормандија;

- Да се воспостават и интензивираат моделите на граѓанско учество во донесувањето клучни одлуки;

- Да се интензивира партнерскиот однос помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор;