Фондацијата „Фокус“ повторно апелира за грижа и зачувување на урбаната опрема во градот. Редовниот увид во трите детски забавни паркови кои беа реконструирани пред 4 месеци покажа дека во два од нив веќе се видливи нови штети. Во еден од парковите (кај нас.„Тунел“) повторно недостасува една лулка, а во паркот познат како „Дизни“, оштетени се масичките од кои недостасуваат повеќе дрвени делови.

Единствен позитивен пример повторно се граѓаните од улицата 11ти Октомври каде реконструираниот забавен парк е во целосна функција.

                   

„Фокус“ апелира до сите граѓани за посовесно однесување кон урбаната опрема со цел да се избегне нерационалното трошење на средства за повеќекратни поправки.

„Фокус“ со своите вработени и волонтери и понатаму ќе се грижи за веќе поставената опрема и ќе организира акции за расчистување на парковите со цел што подолго да бидат во функција на граѓаните.