Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ во соработка со општина Лозово ја одржа координативно-информативната средба на претседателите на месни заедници со претставници на општинската администрација и Совет.
Целта на средбата беше да се информираат присутните за официјално усвоените граѓански предлози влезени во годишната програма за работа на Советот на општина Лозово за 2012 година, потоа колкав дел од нив се реализирани досега, како и да продискутираат за  проблемите со кои тековно се соочуваат.

losovo-infosredba 1  losovo-infosredba

Извештај од одржана координативно-информативна средба во Лозово

На 10.04.2012 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Лозово се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни заедници со претставници на општинската администрација и Совет. На средбата присуствуваа поголем дел од претседателите на  месните заедници  како и претставник од Одделението за комунална инфраструктура, патен сообраќај, локални патишта и улици при општина Лозово.

На почетокот на средбата претставникот на Одделението за комунална инфраструктура, Љупчо Димитров на присутните претставници на месни заедници им  презентираше колку и кои од поднесените приоритети се влезени во годишната програма за работа на Советот и со која динамика истите ќе се реализираат. Димитров на претседателите детално им објасни зошто дел од приоритетите се влезени во годишната програма, а зошто останатите не се, односно за кои поднесени приоритети општината не е надлежна и во чија ингеренција е нивното разрешување. Исто така беше објаснето и дека општината веќе аплицирала за дел од поднесените приоритети до Светска банка, Министесртвото за земјоделие, Бирото за развој и Агенцијата за државни патишта.
По ова присутните претседатели на средбата од администрацијата побараа одговор на повеќе прашања меѓу кои  постоењето на трла во населените места, потоа  проширување на уличното осветлување, проблеми со фекална и одводна канализација, како и проблеми со водата за пиење. Од организацијата на жени од Лозово по нивното збратимување со сродна организација од француската општина Шару покренаа иницијатива за збратимување на општина Лозово и општина Шару.
Од претставниците на администрацијата и Совет на  дел од присутните им беше предложено барањата кои ги имаат на писмено да ги достават до општината, а потоа по нив да одлучува Советот на општината.
Дел од претстaвниците од месни заедници  понудија со сопствени средства да учествуваат во решавањето на дел од нивните проблеми со цел да им се подобри животот.