Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ во соработка со општина Велес ја одржа координативно-информативната средба на претседателите на месни и урбани заедници и претставници на општинската администрација.


Целта на средбата беше да се информираат присутните за официјално усвоените граѓански предлози влезени во годишната програма за работа на Советот на општина Велес за 2012 година, нивната досегашна реализација како и дискусија за тековните проблеми.
На средбата присуствуваа 11 претставници на месни и урбани заедници, раководителот и двајца претставници од Одделението за комунална инфраструктура при општина Велес како и претставник од општинската администрација одговорен за месни и урбани заедници.

Извештај од одржана координативно-информативна средба во Велес

На 28.03.2012 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Велес се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни и урбани заедници со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа 11 претставници на месни и урбани заедници, раководителот и двајца претставници од Одделението за комунална инфраструктура при општина Велес како и претставник од општинската администрација одговорен за месни и урбани заедници.
На почетокот на средбата од раководителот на одделението за комунална инфраструктура, Костадин Настевски на присутните претставници на месни и урбани заедници им  презентираше колку и кои од приоритетите поднесени во локалната самоуправа кон крајот на минатата година и иизнесени на јавните расправи се влезени во годишната програма за работа на Советот. По направениот преглед, претседателите од претставниците на администрацијата побараа одговори на многу прашања.

Претседателот од МЗ 9-ти ноември побара да се изгради тротоар кај новите згради на улица ,,Љубљанска,, потоа одвод на истата улица, како и да се постават канали за собирање на атмосферска вода на улицата ,,Лазо Трпков,,.

Претседателот од МЗ Оризари побара администрацијата на писмено да им доставува колку од приоритетите се влезени во годишната програма и колку од нив се реализизрани до крајот на годината. Исто така побараа да се стопира заградувањето на просторот наменет за гробишта во населбата и да се запре постапката оти за тоа не била консултирана месната заедница туку иницијативата произлегла од џамискиот одбор.

Претседателот на МЗ Новачани праша дали колекторскиот систем во населбата Новачани функционира и зошто дел од приватните објекти кои се наоѓаат покрај езерото не се вклучени на  него.

Од МЗ Родна Ивева побараа да започне решавањето на проблемот со поројницата на улицата „Васил Иљоски“, да се обележи патот, да се постават сообраќајни знаци и да има организирано поредовен јавен превоз.

МЗ Сопот бараат оштетениот пат да се асфалтира оти секоја година тој се тампонира, а ефекти од тоа нема заради тоа што многу брзо се раскопува.


МЗ Отовица побараа решавање на проблемите со атмосферската и фекалната канализација, да се искористи искршениот асфалт од автопатот за да се постави на некоја од нивните улици и да се спречи узурпацијата на фудбалското игралиште.  

Претседателот на УЗ Шорка бара индустриската зона меѓу фабриките ,,Ветекс,, и ,,Јука,, да биде пренамената во зона за домување, како и да се направи напор за обезбедување на просторија за урбаната заедница.

Претседателката на УЗ Трајко Панов побара решавање на конкретен заеднички проблем со соседната месна заедница, а од УЗ Керамидна побараа решавање на проблемот со канализацијата на улицата ,,Луј Пастер,, и да се дислоцира фармата од улицата ,,100,,.

МЗ Челошево побараа поскоро решавање на поднесените приоритети.
     
Од општинската администрација на претседателите им беше посочено дека сите барања кои пристигнуваат до нив а се наменети до ,,Дервен,, или некоја друга институција тие ги препраќаат до нив, а претседателите треба да ја информираат општината доколку имаат некакви проблеми со цел да се направи зеднички напор за решавање на конкретните проблеми.

Претседателите побараа приоритетите кои влегуваат во годишната програма да се реализираат оти тие се задоволни на почетокот на годината кога поголем дел од нивните приоритети стануваат дел од  програмата за работа на Советот, но подоцна тие поради ребаланс на буџет или други проблеми не се реализираат.

Дел од претстaвниците од месни и урбани заедници понудија решение за одредени проблеми кои ги мачат, а дел од нив дури им понудија на претставниците од локалната самоуправа да учествуваат со сопствени средства во решавањето на некои проблеми со цел да се подобри животот на граѓаните во одредена месна или урбана заедница.