Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

во општина Градско

Image

 
На 26.04.2010 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,,  и Општина Градско  се одржа првата координативно - информативна средба на претседателите на месните заедници на општина Градско со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа 7 претседатели на месни заедници тоа од МЗ Уланци, МЗ Водоврати, МЗ Горно Чичево, МЗ Ногаевци, МЗ Кочилари, МЗ Градско и претставници од општинската администрација.
Претставникот од општинската администрација на присутните им образложи колку од предложените граѓански приоритети од последната работилница се влезени во годишната програма на општината, до каде е нивната реализација и постојат ли можности за реализирање на други приоритети до крајот на тековната година.
 
Претставниците на месните заедници, пак средбата ја искористија на општинската администрација да и ги посочат новонастанатите тековни проблеми во општината и побараа итна санација на патот Долно Чичево - Подлес, поправка на патот Градско -Велес, поправка на дел во базенот за снабдување на вода во Кочилари, поставување на канализација во село Водоврати како и обезбедување на вода за пиење за истото село.
 
На средбата беа идентификувани и петте месни заедници во кои претседателите сметаат дека има потреба од поставување на инфо табли и тоа: Кочилари, Уланци, Водоврати, Горно и Долно Чичево.
 
Годишната програма на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, Велес е поддржана од програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.