во општина Чашка
На 04.05.2010 година во ООУ ,,Тодор Јанев,, во Општина Чашка во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Чашка се одржа првата координативно - информативна средба на претседателите на месните заедници на Општина Чашка со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа 12 претседатели на месни заедници тоа од МЗ Согле, МЗ Нежилово, МЗ Голозинци, МЗ Долно Врановци, МЗ Стари Град, МЗ Илинден Чашка, МЗ Чашка, МЗ Горно Јаболчиште, МЗ Теово, МЗ Ореше, МЗ Отиштино претставник од општинската администрација.
Претставникот од општинската администрација на присутните им образложи колку од предложените граѓански приоритети од последната работилница се влезени во годишната програма на општината, до каде е нивната реализација и одговори на прашањата дали постојат можности за реализирање и на други приоритети до крајот на тековната година.
Претставниците на месните заедници побараа да им биде овозможена средба со советниците од општина Чашка и да добиваат редовни известувања за седниците на Советот и одлуките кои тој ги носи без оглед на тоа дали на дневниот ред на седницата има точка која се однесува на нивната месна заедница или не.
Во текот на дискусијата произлегоа и следните конструктивни предлози: да се изгради регионалниот пат Велес -Прилеп, односно патот со кој општина Чашка ќе се поврзи со општина Долнени (за што беше констатирано дека патот не е во надлежност на општина Чашка оти е регионален и беше даден предлог претседателите на МЗ да побараат од Советите во општините Чашка и Долнени овој пат од регионален да го трансферираат во локален пат и потоа &нбсп;согласно можностите да го изградат) и да се изгради мост во село Отиштино.
Во текот на дискусијата претседателите проговорија и за други прашања за кои нема надлежност локалната самоуправа но се важни за подобрување на нивното секојдневие (да се обезбеди лекар во село Богомила и да се овозможи селска сеча од сопствена шума).
Годишната програма на Фондацијата за локален развој И демократија ,,Фокус,, Велес е поддржана од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.