во општина Лозово
На 11.05.2010 година во салата на општина Лозово во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Лозово се одржа првата координативно - информативна средба на претседателите на месните заедници на општина Лозово со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа 6 претседатели на месни заедници тоа од МЗ Лозово, МЗ Милино, МЗ Каратманово, МЗ Сарамзалино, МЗ Дорфулија, МЗ Аџиматово и 1 претставник од општинската администрација.
Претставникот од општинската администрација на присутните им образложи колку од предложените граѓански приоритети од последната работилница се влезени во годишната програма на општината, до каде е нивната реализација и одговори на прашањата дали постојат можности за реализирање и на други приоритети до крајот на тековната година.
Средбата од претставниците на месните заедници беше искористена на општинската администрација да и се предочат конкретни проблеми и тоа: канализација за селото Милино, урбанизација на горниот дел од неизградено земјиште во Дорфулија, промена на влезот на училиштето во истото село, изработка на детален урбанистички план за МЗ Лозово, како и трасирање на патот Џумајлија - Лозово.
Претседателите на месните заедници побараа од општинската администрација редовно да бидат информирани за активностите кои ќе се спроведуваат во нивните населени места, но исто така и за одлуките кои ги носи Советот на нивната општина. Од Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, беше образложено дека постапката за постигнување согласност со Советот на општината е започната и наскоро се очекува одговор. Доколку Советот позитивно одговори ,,Фокус,, ќе посредува во доставувањето информации до претседателите на месните заедници.
На средбата беа идентификувани и трите месни заедници во кои претседателите сметаат дека има потреба од поставување на инфо табли и тоа: Сарамзалино, Ѓузумелци и Ќосолери, а дека во МЗ Каратманово и. МЗ Лозово има потреба од поправка на веќе поставените табли.
Годишната програма на Фондацијата за локален развој И демократија ,,Фокус,, Велес е поддржана од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.