На 02 јуни 2010 година во просторитте на фондацијата се одржа информатиовна сесија за новиот Закоn за здруженија на граѓани и фондации . Проширување на слободата на здржување, изедначување на правата на домашните и странските лица во Здруженијата, изедначување на правните фузички лица, овозможување на малолетни лица да основаат организации. Сето ова го овозможува новиот закон за Здруженија и Фондации кој беше донесен уште во април годинава.

Image Image

Законските измени треба да го поттикнат одржливиот развој на граѓанското општество преку вршење дејности за обезбедување приходи, но најбитна мерка е воведување на организации од јавен интерес.  „Организациите кои ќе ги исполнат условите ќе бидат предмет на понатамошни даночни и царински поттикнувања, како и на директни финансирања од државниот буџет, и тоа за одредени сектори з акои Владата смета дека се од јавен интерес“, рече Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС.

Новиот Закон за здруженија  и фондации е промовиран во повеќе Невладини организации низ земјава, но ќе биде промовиран и во поспецифични кругови, како што е на пример спортските федерации, особено во делот на матерскиот спорт.

„Сеуште има мали сознанија за законот. Ова е прв чекор. Треба да се донесат уште неколку подзаконски акти кои ќе го надополнат, но имаме време од шест месеци. Добро е што законот за донации и спонзорства кој е тесно поврзан со овој закон е на собраниска јавна расправа за негова промена", рече Клековски.

Од  Македонскиот центар за меѓународна соработка не се задоволни од тоа колку и како се вклучени граѓаните во здруженијата. Со измените во Законот очекуваат нивна поголема поддршка.