Извештај од одржана втора координативна - информативна средба во Oпштина Лозово
На 20.09.2010 година во салата во Општина Лозово во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и Општина Лозово се одржа втора координативно - информативна средба. По барање на претседателите на месните заедници на првата координативна средба овој пат покрај средба со претставници од општинската администрација на претседателите им беше овозможена и средба со дел од советниците од Советот на општина Лозово. На средбата присуствуваа претседатели од шест месни заедници, советници, претставник од општинската администрација и невладините организации.
На средбата г. Љупче Димитров, службеник за комунална инфраструктура, патен сообраќај, локални патишта и улици во општина Лозово на претседателите на месни заедници им образложи колку од предложените приоритети од изминатата година се досега реализирани и за колку постои можност да се реализираат до крајот на тековната година.
По дискусијата околу реализицијата на приоритетите, претседателите на месните заедници во општина Лозово ги доставија следните приоритети за 2011 година.
МЗ Аџиматово
1.порамнување и тампонирање на улици
2.до осветлување на дел од селото
3.поставување на филтер за вода во водоводот
4.изградба на фекална канализација
МЗ Каратманово
1.изработка на канализациона мрежа
2.замена на азбестни цевки за вода
3.тампонирање на главните улици низ селото
4.асфалтирање на патот Каратманово - Дорфулија
МЗ Дорфулија
1.доизградба на канализациона мрежа
2.доосветлување на селото
3.отстранување на трлата од сточарите надвор од селото
МЗ Ѓузумелци
1.асфалтирање на патот Милино - Ѓузумелци
МЗ Ќоселери
1.тампонирање на улиците
2.приклучување на водоводна мрежа
3.почесто одржување на уличното осветлување
МЗ Милино
1.поправка на патот Милино - јазло за испаѓање на магистралниот пат Велес-Штип
2.изградба на повеќе наменско игралиште
3.поправка на улиците во селото
4.изградба на канализација
Организација на жени Лозово
1.опремување на канцеларијата на ОЖ Лозово со инвентар
2.набавка на компјутери
3.обезбедување средства за гинеколошки преглед на жените од општина Лозово
4.обезбедување на средства за семинари и работилници од областа на здравјето на жените и економско јакнење на жените