Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Извештај од одржана втора координативна - информативна средба

во Општина Градско

 

На 21.09.2010 година во салата во Општина Градско во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и Општина Градско се одржа втора координативно - информативна средба. По барање на претседателите на месните заедници на првата координативна средба овој пат покрај средба со претставници од општинската администрација на претседателите им беше овозможена и средба со дел од советниците од Советот на општина Градско. На средбата присуствуваа претседатели од месни заедници, советници, претставник од општинската администрација и невладините организации.

На средбата Елизабета Костова Бочварова, советник за водење и координирање на проекти во одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина во општина Градско, на претседателите на месни заедници им образложи колку од предложените приоритети од изминатата година се досега реализирани и за колку постои можност да се реализираат до крајот на тековната година. Покрај ова на претседателите им беа посочени и проиритетите на општината за следната 2011 година и можноста за обезбедување средства за нивна реализација.

По дискусијата околу реализицијата на приоритетите, претседателите на месните заедници во општина Градско ги доставија следните приоритети за 2011 година.

МЗ Ногаевци
1.асфалтирање на улици во селото
2.реконструкција на водоводна мрежа
3.уредување на центарот на селото
4.решавање на проблемот со атмосферска вода во централното подрачје
5.завршување на изградбата на фекална канализација

МЗ Градско

1.реконструкција на секундарната водоводна мрежа
2.доасфалтирање на преостанатите улици во населбата
3.поставување на чешми во парковите и детски игралишта
4.изградба на јавен тоалет во центарот на Градско
5.отворање на детска градинка

МЗ Кочилари
1.доизградба на мрежа за вода за пиење

МЗ Виничани

1.обезбедување технолошка вода
2.асфалтирање на улици
3.месна просторија

МЗ Грнчиште
1.локален пат за село Грнчиште
2.обезбедување на вода за пиење (согласно проект)

НВО ,,Надеж,,
1.вработување на лице кое ќе се грижи за лицата со посебни потреби
2.инвентар за просторија