Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Извештај од одржана втора координативна - информативна средба
во општина Велес

На 13.10.2010 година во организација на Фондацијата,,Фокус,, и општина Велес се одржа втора координативно - информативна средба. По барање на претседателите на месните заедници на првата координативна средба овој пат покрај средба со претставници од општинската администрација на претседателите им беше овозможена и средба со дел од советниците од Советот на општина Велес. На средбата присуствуваа 10 претседатели од месни заедници, претседателот на Советот на општина Велес, 4 советници и тројца претставници од општинската администрација.

 
На почетокот на средбата претседателите од општинските службеници конкретно беа запознати со активностите на локалната самоуправа во изминатата година, како и со информацијата дека до овој момент буџетот на општина Велес е наполнет само 58 проценти, па поради тоа и биле ограничени можностите на општината за реализација на поголеми зафати.

Претседателите на МЗ и УЗ потоа пред службите и советниците ги изнесоа проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневието и побараа нивно решавање. На дневен ред беа поставени проблемите со водоводот во село Сујаклари и Караслари, собирањето комунален отпад во Сујаклари, асфалтирање на подвожњакот во Чалошево, чистење на канал во УЗ ,,Васа Кошулчева,, проблемот со канализациона мрежа во УЗ ,,Богдан Каракостев,, и УЗ ,,Керамидна,, асфалтирање на патот во МЗ ,,Бузалково,, и други тековни проблеми.