Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Во организација на општина Велес и Фондација Фокус, се одржа седмата по ред јавна расправа за нацрт програмите на општина Велес за следната 2011 година.

Проекцијата на програмите за следната година ја претстави Градоначалникот на општина Велес  г-дин Горан Петров заедно со претставниците на општинската администрација, а граѓаните имаа можност да продискутираат  за предложените решенија но и да дадат свои конкретни предлози кои сметаат дека треба да бидат приоритет за решавање за следната година.

Расправата ја следеа и претседателот на Советот на општина Велес г-дин Славчо Чадиев и членовите на Советот, така што тие имаа можност директно да ги слушнат забелешките, согласувањата и несогласувањата на граѓаните околу некои решенија. Ги слушнаа и предлозите дадени на расправата што во голема мера ќе им биде од корист кога ќе го гласаат буџетот и програмите за следната година.

На јавната расправа учествуваа 152 граѓани, претставници од месните и урбани заедници, здруженија на граѓани и фондации, спортски здруженија и институции.

Беа предложени следните потребни интервенции за 2011 година.

Нацрт програма за уредување градежно земјиште

Урбана заедница ,,Тунел,,
-Да се направат платформи за кантите за смет.
-Уредување на зеленилото пред зградите на ул. „Славко Ѓорѓиев Сватот“
- Доделување на просторија за работа на Урбаната заедница

Урбана заедница ,,Трајко Капчев,,
- Потпорен ѕид на улица ,,Маца Овчарова,,
- Бетонирање на улицата ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,
- Бетонирање на улица ,,Ѓорче Петров,,
- Осветлување на игралиште
- Ракохвати за високите делови на градот

Месна заедница ,,Горно Оризари,,
-Плоштадот во центарот на населбата да се уреди

Месна заедница ,,Башино Село,,
-Уредување на пристапен пат од Скопје, излезот кон Велес
-Проширување на 2 влезни кривини до селото
-Уредување на патот до селската црква

Месна заедница ,,Отовица,,
-Дополнување на канализациона мрежа
-Да се направи поширок канал од постоечкиот на железница, за да не се поплавуваат куќите
-Да се реши проблемот со вештачката депонија
-Поставување на патната сигнализација на патот кај ресторанот на Џипунот

Месна заедница ,,Црквино,,
-Водовод
- Да се санира патот кој на одреден дел е поткопан

Урбана Заедница ,,9-ти Ноември,,
-Изградба на тротоар на Љубљанска
-Поставување на решетки за атмосферска вода на ,,Љубљанска,,
-Изградба и рекоснтрукција на потпорни ѕидови на ,,Игманска,,
-Горниот дел од улица ,,Тодор Јанев,, нема вода цела година
- Ракохвати на високите делови

Месна Заедница ,,Сујаклари,,
-Поставување на канализација
-Да се уреди собирањето на комунален отпад од селата од рамничарскиот дел на овој дел до велешко, за сметот преку водата да не оди во езеро Младост

Месна Заедница ,,Бузалково,,
-Реконструкција на водоводна мрежа
-Изградба на канализација
-Асфалтирање на улици во селото
-Проширување на патот до селото

Месна заедница ,,Рлевци,,
-Изградба на 4 км локален пат
-Тампонирање на улици

Урбана заедница ,,Родна Ивева,,
-Регулирање на поројницата
-Регулирање на атмосферски води кои се слеваат без контрола
- Изградба на тротоар на улица ,,Васил Иљоски,,

Месна Заедница ,,Караслари,,
-Поправка на патот до Горно Караслари
-Поставување на улично осветлување
-Чистење на канал
-Детски забавен парк
-Реконструкција на кровот на МЗ

Урбана заедница ,,Шорка,,
-Просторија за Урбаната заедница
- Изработка на Детален урбанистички план

Урбана заедница ,,Трајко Капчев,,
-Да се реши проблемот со вода од поројни дождови на улицата ,,Коле Цветков,,
-Да се реши проблемот со депонија од несовесни граѓани 

Месна заедница ,,Горно Оризари,,
-Легализација на училиштето, нема сала како и тротоар за учениците до објектот

Месна заедница ,,Иванковци,,
-Спортско игралиште
-Расчистување на центарот на селото

Урбана заедница ,,Алексо Демниевски,,
-Пешачки премин кај споменикот Панко Брашнар на улица Благој Ѓорев
-Поставување легнати полицајци поради брзината на автомобилите

Месна заедница ,,Рудник,,
-Проект за пат во должина од 3,8 км изработен, само не се почнуваат градежните активности

Нацрт програма за НВО

Фондација ,,Фокус,,
-Да се зголеми износот за програмата за НВО за да може да се бараат дополнителни средства од Влада, странски инвеститори и други извори за финансирање
-Да се донесат критериуми за финансирање на НВО, во согласност со новиот ЗГФ
-Да се зголемат средставта за ставката за градење стратегија за соработка со НВО

НВО ,,Романи Берша,,
- Да се провери во регистар кои ромски организации постојат и на тие да се делат пари

Здружение на стечајни работници ,,СТРАВ,,
-Да се обезбедат средства за месечна кирија за просторија за здружението

НВО ,,Импакт,,
-Средства за меѓународен фестивал за театар на урбани и јавни површини
Нацрт програма за спорт
Кајакарски клуб ,,Гемиџии 903,,
-Да се обезбедат финансиски средства за отворено првенство на пионери натпреварувачи од Балканот

Младински велосипедски клуб ,,Велес,,
-Да се покриваат финансиските средства за полиција и брза помош при организирање натпревари

г. Лазар Лазаревски, спортски новинар
-Со години се предвидени средства за санација на кровот од салата Гемиџии и за опремување на спортска амбуланта и кајак патека, а не се реализираат
-Да се реши кровот од училишните сали Благој Кирков и Блаже Конески
Нацрт програма за противпожарна заштита

TПП единица Велес   
-Со предвидените 150 илјади денари не може да се опремат 25 пожарникари со зимска опрема, премалку пари се

Нацрт програма за социјална заштита

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа
-Меѓуопштинскиот центар за социјална работа да биде вклучен во изработката на локална стратегија за грижа за стари лица