на општина Велес за 2011 година

Јавна расправа за нацрт буџетот на општина Велес за 2011 година се одржа на 04.12.2010 година во големата сала на општина Велес. На расправата присуствуваа 40 претставници од кои градоначалникот на општина Велес, Горан Петров, претседателот на Совет на општина Велес, Славчо Чадиев, 6 советници, 9 претседатели на месни и урбани заедници, претставници на институции, здруженија на граѓани и Фондации и граѓани.

Image

На расправата од Љупче Андреевски, раководител на одделението за финансирање и буџет беше презентиран нацрт буџетот за следната година кој е проектиран на 634.027.884 денари од кој околу 65 % припаѓаат на трансфери и дотации, 25 % на даночни приходи, 9 % на неданочни приходи и 3 % на капитални приходи. По презентацијата, присутните имаа можност да дадат свои конкретни забелешки или да постават прашања за нацрт буџетот.

Image


Од јавната расправа произлезе, на веќе донесените и усвоени програми, да се изготви план на развојни програми и истиот да се вгради во предлог буџетот на општината. Заклучок од расправата беше дека општината, но и сите релевантни институции и организации треба да изнајдат начин за изготвување на поедноставна форма на буџетот за јавна расправа која ќе биде полесно разбирлива за граѓаните.

За прв пат по предлог на претседателот на Советот, Славчо Чадиев на јавната расправа беше презентирана и нацрт програмата за работата на Советот за 2011 година донесена на последната седница на Совет. Присутните граѓани и за оваа нацрт програма исто така имаа можност да дадат коментари и забелешки.