Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

на општина Градско за 2011 година

Покрај настаната вонредна состојба предизвикана од рушењето на мостот во селото Ногаевци на 10.12.2010 година во организација на општина Градско и Фондацијата Фокус во салата на општина Градско се одржа втората јавна расправа по Нацрт- програмите и буџетот на општината за следната 2011 година. На расправата присуствуваа претставник од општинската администрација, членови на Совет, претставници од месни заедници и здруженија на граѓани.

Image

 

Благодарение на соработката која Фондација ,,Фокус,, ја има со општина Градско и покрај тоа што градоначалникот на општината Глигур Коцев мораше да замине на итна средба во Министерството за транспорт и врски јавната распорава се одржа. На неа претставникот на општинската администрација Елизабета Костова Бочварова пред присутните ги презентираше развојни програми на општината за следната 2011 година и нацрт буџетот.

Буџетот на општина Градско за 2011 година е проектиран на 61.776.833 денари и е сличен со буџетот од претходната година, со тоа што во 2011 година повеќе средства од буџетот ќе се одделат за изградба на капитални &нбсп;објекти. Меѓу нив, поврзување на патот Горно Чичево со Долно Чичево, доизградба на патот до селото Кочилари, изградба на канализација во село Водоврати, изградба на водовод во село Чичево, нов извор на вода во село Виничани, изградба на спортска сала, асфалтирање на улици во населбата Градско, но и селата Ногаевци и Виничани.

По презентацијата се разви активна дискусија од присутните кои побараа дополнителни средства да се огради училиштето заради безбедноста на децата, да се направат пристапни патеки до училиштето, општината и останатите институции, како и да се доуреди просторијата наменета за лицата со посебни потреби. Се дискутираше и за отворање на детска градинка во општина Градско и за &нбсп;начинот на кој треба да се обезбедат средства за доброволното против пожарно друштво.

На присутните им беше објаснето дека во рок од 10 дена со помош на Владата ќе се разреши новонастанатиот проблем со мостот во селото Ногаевци, односно ќе се изнајде начин за преминување на луѓето и стоката кои се наоѓаат од другата страна на мостот.