по Нацрт-документите општина Лозово за 2011 година

На 16.12.2010 година во организација на општина Лозово и Фондацијата Фокус во салата на општина Лозово се одржа јавна расправа по нацрт програмите и буџетот на општината за следната 2011 година. На јавната расправа присуствуваа 17 учесници:градоначалникот г-дин Орце Цветковски, претставници од општинската администрација, членови на Советот и претставници од месни заедници и здруженија на граѓани.

Image

На јавната расправа од градоначалникот Орце Цветковски и претставниците на општинската администрација Љупчо Димитров и Виолета Спасова беа презентирани развојните програми и нацрт буџетот на општината. Буџетот на општина Лозово за следната 2011 година е проектиран на 39.681.000 денари. Пред присутните беа презентирани дури девет програми кои ги усвоил Советот на општината и по кои ќе работи во следната година, за разлика од само три кои ги имаше општината за оваа година. По образложените програми од присутните на јавната расправа беа дадени неколку забелешки меѓу кои асфалтирање на улицата до црквата, обезбедување средства од буџетот за реализација на културни и спортски манифестации.

Image


Градоначалникот Цветковски објасни дека сигурни средства на општината се околу 12 милиони денари, а реализацијата на активностите предвидени во програмите ќе зависи од тоа колку средства тековно ќе се обезбедуваат од други извори. Општината средства очекува и од продажба на локација за изградба на бензинска пумпа како и продажба на парцели за изградба на индивидуални објекти.

Долгот на општина Лозово годиинава е околу 3 милиони денари, за разлика од 12-те милиони кои ги имаа на крајот на претходната година.