На 11.03.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Градско се одржа првата овогодинешна координативно - информативна средба. На средбата; присуствуваа претседатели на месни заедници, претставник од општинската администрација и советници.
Претставникот од општинската администрација Елизабета Бочварова Костова на присутните им образложи колку од предложените граѓански приоритети се влезени во годишната програма на општината и какви се изгледите за нивна реализација до крајот на годинава.
Од предложените 18 граѓански приоритети на последната работилница за идентификување на приоритети според претставникот на општинската администрација Советот на општина Градско во годишната програма ги усвоил следните 6 приоритети:
МЗ Ногаевци
- решавање на проблемот со атмосферска вода во централното подрачје;
- завршување на изградбата на фекална канализација;
МЗ Градско
-. доасфалтирање на преостанатите улици во населбата
- oтворање на детска градинка
МЗ Виничани
- асфалтирање на улици;
НВО ,,Надеж,,
- вработување на лице кое ќе се грижи за лицата со посебни потреби
По презентацијата на усвоените приоритети, претседателите на месни и урбани заедници и претставникот од администрацијата дискутираа за тековните настанатите зафати: асфалтирањето на патот од Долно до Горно Чичево, доасфалтирањето на патот кон село Кочилари, изградба на спортска сала, поставување на водоводни и канализациони системи, како и за набавка на контејнери и возило за смет.
Присутните беа информирани и до каде е постапката за трајно решавање на проблемот со разрушениот мост во село Ногаевци и дали има изгледи за негово оспособување во поскоро време.
Присутните беа информирани и до каде е постапката за трајно решавање на проблемот со разрушениот мост во село Ногаевци и дали има изгледи за негово оспособување во поскоро време.