На 17.03.2011 година во организација на&нбсп; Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Велес се одржа првата овогодинешна координативно - информативна средба на претседателите на урбани и месни заедници на општина Велес со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа 10 претседатели на месни заедници  и тоа од МЗ Сујаклари, МЗ Ораовец, УЗ Славе Петков, УЗ Тунел, УЗ Керамидна, МЗ Чалошево, МЗ Црквино, МЗ Горно Оризари, МЗ Караслари, двајца претставници од општинската администрација и советник.


Претставникот од општинската администрација на присутните им образложи колку од предложените граѓански приоритети се влезени во годишната програма на општината и какви се изгледите за нивна реализација.

 

Претседателите на месни и урбани беа информирани дека од поднесените 188 граѓански приоритети од Советот на општина Велес биле усвоени следните 29:


МЗ Црквино

-доизградба на сѕстем за водоснабдување;

-уредување на простор во селото;

МЗ Сујаклари

-довршување на главната канализациона мрежа;

МЗ Тунел

-доафалтирање на улица Роса Плавева, поврзување со Славко Ѓорѓиев Сватот и Грозда Кочова

-пробивање на спој помеѓу улиците Грозда Кочова и Славко Ѓорѓиев Сватот

МЗ Васа Кошулчева

-осветлување на делот околу општина;

-изградба на мост кој ќе ги поврзува улиците Енгелсова и Кумановска;

-асфалтирање на улиците Крсте Мисирков и Сутјеска;

-изградба на паркинг простор пред зградата на улица Енгелсова 6 (партерно уредување на просторот);

-бетонирање и осветлување на улица Васа Кошулчева;

МЗ Иванковци

-довршување на канализационата мрежа;

-средување на речното корито;

МЗ Ораовец

-асфалтирање на останатиот дел од патот во должина од 1,4 километар;

-изградба на летниковец;

МЗ Мамутчево

-дозавршување на фекалната канализација;

МЗ Чалошево

-поставување на ново сијали:но место сред селото;

УЗ Родна Ивева

-регулирање на канализацијата во Речани 1 И Речани 2 и на улица Васил Иљоски;

&нбсп;

УЗ Богдан Каракостев

-изградба на потпорен ѕид на улица Трајко Митев во должина од 40 метри и да се бетонира истата улица

МЗ Горно Оризари

-довршување на канализација;

-асфалтирање на патот на кој е поставена канализациона мрежа;

-поставување на знаци за одбележување на населени места;

УЗ Богдан Каракостев

-бетонирање на улицата Стојан Бурчевски Буридан од почеток до крај;

МЗ Отовица

-завршување на започнатите водовод и канализација;

УЗ Славе Петков

-бетонирање на дел од улица Максим Горки од 206 до 210;

-бетонирање на дел од улица Максим Горки 176

-поплочување на улица Љубен Весов;

УЗ Шорка

-автобуско стојалиште

УЗ Трајко Панов

-преуредување на коцките на улица Максим Горки

УЗ Мирка Гинова Превалец

-бетонирање или асфалтирање на улицата ,,Трајче Петкановски,,


По презентацијата на приоритетите, претседателите на месни и урбани заедници од администрацијата побараа замена на светилките за улично осветлување во селата Црквино, Караслари, Ораовец и одредени делови од градот. Беше побарано и санирање на појавената голема дупка на локалниот пат од поранешната фабрика Свилара кон Оризари, за што беше договорено веќе следниот ден претставник од администарцијата задолжен за овие прашања да отиде на лице место и проблемот да биде надминат.

Патокази за сите населени места, потоа асфалтирање на улици, решевање на проблемот со депонијата во населбата Керамидна, чистење на каналот за атмосферска вода во село Караслари, решевање на проблемот со канализација и изградба на детско игралиште во истото село беа дел од останатите барања на претсавниците на месни и урбани заедници.

Дел од претседателите изразија задоволство од ваквите средби заради тоа што сметат дека ова е една од ретките можности за комуникација со претставниците од локалната адмнинистрација. Исто така и на претставничката од Советот на општина Велес и посочија дека потребни се почести средби на советниците со локалното население посебно кога советниците поднесуват амандмани во име на граѓаните со кои бараат промена на одредени состојби во нивните урбани или месни заедници.