Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

во општина Лозово

На 24.03.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Лозово се одржа првата овогодинешна координативно-информативна средба. На средбата присуствуваа претседатели на месни заедници, претставник од општинската администрација и советници.

Претставникот од општинската администрација Љупче Димитров ги информираше присутните колку од предложените граѓански приоритети се влезени во годишната програма на Советот на општина Лозово и според која динамика истите ќе се реализираат до крајот на годината.

Од предложените 23 граѓански приоритети на последната работилница за идентификување приоритети според претствникот на општинската администрација Советот на општина Лозово во годишната програма ги усвоил следните 11 приоритети :


МЗ Аџаматово
1.порамнување и тампонирање на улици


МЗ Каратманово
1.изработка на канализациона мрежа
2.замена на азбестни цевки за вода
3.тампонирање на главните улици во селото
4.асфалтирање на локален пат Каратманово - Дорфулија


МЗ Дорфулија
1.доизградба на канализациона мрежа
2.доосветлување на селото


МЗ Ѓузумелци
1.асфалтирање на локален пат Милино-Ѓузумелци


МЗ Ќосолери
1.почесто одржување на уличното осветлување


МЗ Милино
1.поправка на патот Милино-Јазла за испаѓање на магистралниот пат Велес- Штип
2.изградба на повеќе намеснско игралиште
3.поправка на улици во селото

Од претставникот на општинската администрација присутните беа детално информирани за поднесените приоритети, од каде се обезбедени средства за истите и кога е плаанирано тие да се реализираат. Претседателите се интересираа за тековни активности поврзани со нивните места и побараа поголема поддршка од општината. По завршувањето на работните обврски на средбата се приклучи и градоначалникот Орце Цветковски и дискусијата продолжи неформално.