Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 29.03.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Чашка се одржа првата овогодинешна координативно-информативна средба. На средбата присуствуваа 19 учесници  од кои 10 претседатели на месни заедници, двајца претставници од општинската администрација, претседателот на Совет и 6 советници.


Претставникот од општинската администрација Горан Игнов ги информираше присутните колку од предложените граѓански приоритети се влезени во годишната програма на Советот на општина Чашка и какви се можностите истите да бидат реализирани до крајот на годината.

Од предложените 34 граѓански приоритети на последната работилница за идентификување приоритети според претствникот на општинската администрација Советот на општина Чашка во годишната програма ги усвоил следните 8 приоритети:
 

МЗ Долно Јаболчиште
1.изградба на патот Дреново –Јаболчиште
2.изградба (бетонирање) на селски улици
3.јавно осветлување

МЗ Илинден Чашка
1.улично осветлување на улица ,,Коста Кирков,,

МЗ Бањица
1.проширување на уличното осветлување

МЗ Горно Јаболчиште
1.изградба на пат од Јаболчиште до Дреново
2.изградба на бетонски улици и проширување на постоечките

МЗ Лисиче
1.приклучок за вода од Хидро систем ,,Лисиче,,

Г-дин. Игнов на прусутните им објасни дека ова се приоритетите кои се влезени во сегашната програма за градежно земјиште, но дека истите ќе се дополнуваат кога општината ќе обезбеди нови извори на средства. Претседателите на месни заедници беа информирани дека општината на предлог на градоначалникот Горан Пановски планира средствата кои ќе се обезбедат од легализацијата на диво изградените објекти да ги наменат за изградба на по една улица во секоја месна заедница.

Претседателите предложија во иднина да се зголеми уште повеќе комуникацијата со општината и советниците и да биде направено координативно тело/ комисија од неколку претставници од месните заедници кое ќе одлучува на што да му се даде предност во тековната година од сите предложени приоритети од месните заедници. Исто така побараа од  општината да интервенира до Јавното претпријатие ,,Македонија пат,, со цел да се подобри одржувањето на локалните патишта. Посочија  конкретни проблеми како што се патот до село Мелница (кој се уништува од браздите кои течат низ него), патот до село Теово (кој е во многу лоша состојба), патот кон Лисиче, состојбата со мостот во Богомила и сл.

Од локалната самоуправа побараа во овогодинешната програма да влезат  приоритетите кои не се реализирале во изминатата година и општината да прави проверки на терен колку е направено по завршувањето на одреден проект/зафат.    Претседателите на месните заедници побараа да бидат консултирани и да бидат вклучени како контролори при изработката на каков било проект во нивното населено место.

До општинската администрацијабеше дадена препорака да испараќа писмен одговор на сите доставни барања од месните заедници, а за оние за кои таа не е надлежна општината во писмата да посошија која институцијае соодветна за решавање на нивниот проблем.

Заклучок беше дека треба да се зголеми влијанието на месната заедница врз локалното население за грижа за патиштата со оглед на тоа дека при обавувањето на полски работи оштетувањата се прават од самото население.